6.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаИ тажната приказна со баба Вида ќе добие среќен крај: Пожарникарот Аце...

И тажната приказна со баба Вида ќе добие среќен крај: Пожарникарот Аце уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело !!!

Вида Стојанова е жена со несреќна судбина. Потекнува од Штип. До шеесеттите години од минатиот век, живее под кирија со родителите. Пред пет децении доаѓа во центарот на Штип,каде нејзините родители купуваат куќа, која ќе стане нивни семеен дом. Дом кој денес ќе и предизвикува само стресови и проблеми.

Таа во Штип завршила основно и средно образование, но желбата да напредува, да ги оствари своите соништа ќе ја донесат во Скопје, каде се запишува на Земјоделскиот факултет и станува дипломиран инженер агроном.

„Студирањето во Скопје ми беше само уште една од низата трауми што ги имав во младоста. Животот по интернати воопшто не беше лесен. Спиење во лоши соби, ладно во зима, слаба прехрана прават почесто да бидам болна отколку здрава. Но, некако издржав и дипломирав-“раскажува баба Вида.

Откако се враќа во родниот крај, Вида се вработува во неколку претпријатија каде доживува различни перипетии. Откако последната фирма во која работела оди во стечај, таа станува технолошки вишок, но и социјален случај.

„Работите се влошија кога почина татко ми. Откако останав сама со мајка ми, бев социјален случај. Се случуваше да јадеме и во народни кујни, за да преживееме“-се присетува Вида.

Тешкиот и макотрпен живот ќе направи таа никогаш да не добие шанса за брак. Подоцна кога успева да добие минимална пензија, ја губи и мајка си. Оваа несреќна жена останува сама, без никој свој.

„Сите работи што ги доибила баба Вида се донации. Сè е старо и дотрајано. Од фрижидерот вратата е откачена, машината за перење не пере, расипан ми е бојлерот, казанчето, шпоретот не ми работи, но, најголем проблем ми е покривот што тече. Горе има цевки со струја. Може да се запали при првиот дожд, па да изгори со куќата.“

„Целата куќа е само од кал. Кога има невреме, мислам дека ќе ме поклопи. Воопшто не ми е сигурен животот во неа. Земам само 8700 денари месечно, а секој месец по нешто морам да сменам, да купам. Нема,не стигнува. Што попрво со тие пари!?-споделува баба Вида.

„Ништо убаво не ми се случува во животот, ништо. Имам роднини, но, денес кој те гледа. Секој си ја гледа својата работа-со солзи ни кажува баба Вида.

Тажна и бесна сум. Не можам повеќе да издржам. Додека лежам цел ден замотана во јамболија, си мислам дека не требаше да се родам.“

Откако оваа вест се прошири со светлосна брзина нашиот другар и голем хуманитарец Аце се одлучи да ја усреќи и Баба Вида, кога таа посака да умре се појави нашиот ангел

Ја посетив Стојанова Вида, од „црвен крст”зедов некој пакет хуманитарен. Ја посетив Стојанова Вида, од „црвен крст”зедов некој пакет хуманитарен. Жената живее на Карл Маркс број Жената има пензија 10500 денари и живее сама.

Храна не сака, постелнина не сака, алишта не сака, хигиенски сретства нжената живее на Карл Маркс број 8. .

Единствено нешто што таа сака е да и помогнеме малку финансиски да најде под кирија едно мало собче за зимото да биде безбедна бидејки кровот на куќата и е пред распаѓање и искрено не е безбедна внатре. Бројот на жената е 076 615 428, ве молам секој што сака да и помогне лично да ја контактира. Не носете храна, не носете облека, не носете хигиенски сретства жената од тоа ништо нема потреба! Подај Рака Спаси Живот. Александар Горгиевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.