15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопје нема да го добие брзиот автобуски превоз и да стане првиот...

Скопје нема да го добие брзиот автобуски превоз и да стане првиот град на Балканот со еколошки јавен транспорт.

spot_imgspot_img

Скопје нема да го добие брзиот автобуски превоз и да стане првиот град на Балканот со еколошки јавен транспорт.

Нешто повеќе од еден месец откако стапи на функцијата, градоначалничката Арсовска веќе го поништи тендерот распишан од нејзиниот претходник во фотелјата Петре Шилегов.

Разгледувана била анализата околу јавниот превоз, направена лани за потребите на Градот и новата градска власт во неа препознала ризици по животна средина и градското зеленило, во случај да се реализира замисленото.

„САМАТА ТРАСА НА БРТ НА БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“ МИНУВА НАД ГЛАВНАТА ВОДОВОДНА ЦЕВКА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА НА СКОПЈЕ, ШТО САМО ПО СЕБЕ ПРЕТСТАВУВА РИЗИК КОЈ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА САМИОТ ГРАД. ПОКРАЈ ТОА, ДОКОЛКУ СЕ РЕАЛИЗИРА БРТ, ГРАДОТ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ГОЛЕМ БРОЈ ДРВЈА, ШТО СЕКАКО ЛОШО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.“ – СООПШТИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ.
Тендерот за брз автобуски превоз беше распишан на 28 октомври и потпишан е Договор со Европската банка за обнова и развој за наменски кредит од 70 милиони евра.

Поради тоа се обидевме да добиеме став од ЕБРД за одлуката на градските власти и за евентуалните пенали, но засега молчат. Проектот е заведен е како зелен проект, а финансиите резервирани од буџетот за мрежата на зелени градови.

Планирано беше да опфаќа воспоставување две линии од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

Но, ништо од тоа нема да се реализира, а заради тоа стигна и остра реакција од страна на СДСМ, од каде што ја оценија како скандалозна одлуката на Арсовска.

„СКАНДАЛОЗЕН Е ПОСЛЕДНИОТ ПОТЕГ НА АРСОВСКА ДА ГО ПРЕКИНЕ ПРОЕКТОТ БАС РАПИД ТРАНЗИТ, КОЈ СЕ СПРОВЕДУВАШЕ СО ПОДДРШКА ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ. ТРИ ГОДИНИ СЕ РАБОТЕШЕ ОВОЈ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ПРОЕКТ КОЈ ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ВНЕСЕ НОВ СИСТЕМ НА ЕФИКАСЕН И ЕКОЛОШКИ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД. МНОГУ ВАЖЕН ЗА СКОПЈАНИ. СО СРЕДСТВА ОД ЕБОР И СО СРЕДСТВА ОД ГРАДСКИОТ БУЏЕТ, НАПРАВЕНИ СЕ ИСТРАЖУВАЊАТА И ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА НА КОЈА УЧЕСТВУВАА СООБРАЌАЈНИ ЕКСПЕРТИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО, КАКО И ПРОЕКТ ЗА ПРВАТА ТРАСА.“ – ИЗЈАВИ СТЕФАН ВАСЕВ ОД СДСМ.

Градоначалничката Арсовска претходно најавуваше референдум за граѓаните на Скопје да одлучат самите за иднината на јавниот превоз во градот и да се изјаснат дали ја поддржуваат идејата за брз автобуски превоз или пак повеќе се за набавка на 250 еколошки автобуси.

Затоа Телма се обиде и лично да стапи во контакт со Арсовска за да каже дали сега се откажува од таа идеја, но одговор не добивме.

Петар Догов
Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...