19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаЗабаваМакедонската пејачка Барби: Jaс не пејам во Македонија, а тие што пеат...

Македонската пејачка Барби: Jaс не пејам во Македонија, а тие што пеат за 2.000 денари се Певаљки а не Пејачки..

Новогодишната треска веќе е почната. По минатогодишниот катастрофален дочек, кој поради пандемијата речиси и да го немаше, годинава пејачите трлаат раце. Тезгите за најлудата ноќ веќе се договорени, а сега се окупирани со предновогодишните забави или популарно наречените „афтерворк“ и секако бакшишот, кој понекогаш знае да биде и неколку пати поголем од договорената сума за настап.

Е токму бакшишот на пејачката Сања Цинцева, популарно наречена Барби, кој таа пред неколку дена го доби на настап во Швајцарија крена прашина. Се појави видео каде пејачката ја редат со пари, па почна пребројувањето колку пари се тоа, 300, 500, 7000 евра.

ММС ја контактираше Барби, која не сакаше да каже колку бакшиш заработила од дијаспората.Нема да кажам колку пари земав. А и зошто да кажам. Кај нас веднаш бодеш во око ако имаш еден денар повеќе. Српските пејачи си кажуваат ама тие се поинакви, за разлика од нас. Кога треба да се дружат се дружат, кога треба да си помагаат си помагаат, не се поделени како кај нас. А што е чудно ако и ние земаме голем бакшиш, како српските пејачи. Зашто да не? Што сме ние помалку од нив, вели пејачката и додава:е е тоа најголемиот бакшиш што некогаш сум го заработила. Сум имала и поголеми и тоа не во Швајцарија, туку тука, во Македонија. Се зависи од луѓето. Има кои даваат бакшиш на македонски песни има и на српски. Зависи кого како ќе го погоди, вели таа.

Сања за најлудата ноќ ќе пее во истиот клуб во Швајцарија. Вели дека паузата за неа завршила, бидејќи по лошата пандемиска година, сега телефонот ѕвони.

-За време на корона не работевме, но сега телефонот не престанува да ѕвони. Тоа се повеќе настапи во странство, бидејќи во Македонија ретко настапувам, не ми се допаѓаат цените, вели таа.

Според Барби многу од пејачките се расфалаат со настапи на Фејсбук, ама зад тоа стои македонската естрадна мизерија.

-Ми се смачи да гледам како на фејсбук се фалат дека секој ден настапуваат, дека не знам колку пари земаат, а пеат за 3-4 илјади денари од вечер. На тој труд што го вложуваат во себе, конечно треба да почнат да се ценат, а не да пеат за џабе. Ние самите не се цениме пред газдите и се додека е така ќе ги бараат српските пејачи и ќе ги кешираат, а нашите ќе им пеат за ситно, или без пари, само за бакшиш, секако ако има. Се додека е така никој нема да не почитува и ќе немаме естрада. Само меѓу себе си рушат цена. Една пејачка ќе каже цена за некој настап, па ќе е јави друга и ќе прифати за уште помалку, само за да пее некаде. Ама важно на Фејсбук се фалат дека пеат. Срамно.Па кога ќе кажеш на газдата дека ќе пееш за 2.000 денари ти не си пејачка, туку во очите на газдата си „певаљка“.
Кај нас пејачите се поделени меѓу себе. Едни пеат ваму , други пеат кај други. И нема мешање на пејачите во вкупно двете телевизиски музички емисии. А погледни ги Србите и Бугарите како се сложни и сите се дружат меѓу себе. Независно кој на која продукциска куќа припаѓа, без оглед што се конкуренти. Затоа ние никогаш нема да имаме естрада, децидна е Сања.


ИЗВОР ММС

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...