19.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЦаровска се повлекува- Јетон Шаќири е новиот министер за образование

Царовска се повлекува- Јетон Шаќири е новиот министер за образование

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Али Ахмети и Димитар Ковачевски сепак ќе менуваат ресори. Образование оди во блокот на ДУИ, а нов министер ќе биде актуелниот прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири, кој претходно се најавуваше како министер за земјоделство, пренесе тв24.

<

Министерството за земјоделство, пак, се враќа кај СДСМ, и не се исклучува актуелниот заменик Трајан Димковски да биде нов министер.

Менувањето на ресори доаѓа откако Алтернатива го доби Министерството за информатичко општество, а од СДСМ најавија дека Мила Царовска нема да се најде во новата Влада, по што и таа кажа дека не се гледа во неа.

Според дел од високи партиски функционери на СДСМ, рокадата на ресори ја гледаат и како можност за спласнување на негативната енергија во јавноста која што беше предизвикана од актуелната министерка во заминување.

Освен Царовска, извесно е дека во новата Влада нема да се најдат ниту Радмила Шекеринска, како и Венко Филипче.

Новиот лидер на СДСМ, ги прави контурите на новиот кабинет. Според неофицијалните информации, се уште нема пресечено за некои ресори, меѓу кои МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...