4.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците се откажаа од својата земја - Бараат спас во странство.

Македонците се откажаа од својата земја – Бараат спас во странство.

spot_img

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот.

<

Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.

Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно.

Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години.

Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите.

Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители.

„Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.

Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“.

Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

ПЕТ ОД 20-ТЕ СОУЧЕНИЦИ КОИ БЕВМЕ ВО ИСТО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЌЕ СЕ ИССЕЛИЈА СО НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, ВЕЛИ БОЈАН НИКОЛОВ, ЧЛЕН НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОД ВАЛАНДОВО.

АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис.

Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата.

„АКО ОСТАНЕТЕ, ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е САМО 470 ЕВРА. ПОДОБРО ДА БИДАМ РОБ ЗА 2,000 ЕВРА ВО НЕКОЈА СТРАНСКА ЗЕМЈА ОТКОЛКУ РОБ ДОМА ЗА 300 ЕВРА’”, ВЕЛАТ СОГОВОРНИЦИТЕ НА АПФ.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот.

Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението.

Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А АКО ОВИЕ ЗЕМЈИ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЌЕ ЈА ПОДОБРИ СИТУАЦИЈАТА, ХРВАТСКА Е ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРИМЕР.

ОТКАКО ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ВО 2013 ГОДИНА, ХРВАТСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ СЕ НАМАЛИ ЗА 10 ПРОЦЕНТИ.

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРОЦЕНУВААТ ДЕКА ХРВАТСКА ЌЕ ИМА САМО 2,5 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ НА КРАЈОТ НА ВЕКОТ“, ПИШУВА АФП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...

Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале бомба.

Вчера во 11:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба. Местото е...