3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМагдалена Ризова-Черних разрешена од Театар Комедија, тврди дека ималa притисици од министерката...

Магдалена Ризова-Черних разрешена од Театар Комедија, тврди дека ималa притисици од министерката Стефоска

spot_img

Актерката Магдалена Ризова-Черних беше в.д. директорка на Театар Комедија, а т аа денес објави дека е разрешена од функцијата поради непознати причини.

Причината за моето разрешување не ми е позната, бидејќи од вчера сум на боледување заради мојата влошена здравствена состојба. Меѓудругото имав огромни притисоци од страна на министерката Стефоска да си дадам оставка која незнам од која причина го правеше тоа. Истото го правеше и претседателката на управен одбор Весна Гиновска Илкова. Мобинг и изнесување на тотални лаги. Кога е во прашање изнесување на вистината,вистината е следна.

Потписи и манипулации и не вистини. 79 вработени во инстиуцијата Театар Комедија, а петиција од 30 и нешто, кој јас уредно ги повикав на состанок. Ги исполнив барањата да уметнички раководител биде Дарко Спасов,за кој уредно издадов задолжение за да ја извршува должноста и испратив барање до министерството за одобрување на финасиски средства за тоа работно место. Одговор на барањето сеуште нема, а истиот се повлече од должноста на крај од годината. На средбата со министерката бев изложена на притисок да решам проблем кој така лесно не се решава. За да работиш месец дена и да решиш проблем кој е од човекова природа не е лесно. Рокови три,четири дена… Не дозволи да си го реализирам мојот план за работа и начин. Никогаш ова не се случувало од еден министер.

Следно, после распишаниот оглас за директор, не се изврши избор на директор и јас ги искористив правните основи за тужба како секој кој го има уставното право. Атакот врз мене продолжи со итни седници на управен одбор за мое разрешување, без причина наведена. Тоа што се наведува од дел од колективот е причина според писмата потпишани од пола од вработените дека не сум била за директор, зошто сум била уметнички раководител во време кога бил предходниот разрешен директор, за кој стигнал допис до театар во месец Јули и не бил покажан никаде дека нема злоупотреба на службена должност. Истиот беше изваден на огласна табла. За моето работење постојат извештаи како уметнички раководител во архивите на институцијата. Сомнежот им бил дека јас ќе го вратам Ристовски,кој со изјава сам кажа дека не сака да се врати воопшто и ниту имам намера да го вратам.

Овој однос кон мојот кредибилитет, моето 26 годишно работно искуство во театарската област и кон мене лично ве уверувам дека ќе го разрешам после подобрување на мојата здравствена состојба, бидејќи јас сум на боледување од вчера. Меѓу другото сакам да истакнам, дека притисоците и врз мојот приватен живот беа преголеми.

Одлуката ќе ја почитувам,бидејќи редот е така.

Доколку сакате изнесување на докази, тоа ќе го направам прво до новата министерка која се надевам дека уште веднаш ќе го обелодени случајот. Се има ред и ќе има ред“, вели таа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...