5.2 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБрат и сестра дипломирале со просек 10 но со години водат 6итка...

Брат и сестра дипломирале со просек 10 но со години водат 6итка да обезбедат вработување

spot_img

Зоран и Снежана од Битола се брат и сестра кои завршиле факултет со 10 просек, тој е психолог, а таа правник. Сметаат дека државата со оглед на нивниот просек и компетенции уште по завршувањето требаше да ги вработи. Но се останало на залудно аплицирање. Ги прашуваат партиите, дали со ова ги наведуваат кадрите со висок просек да заминат во странство бидејќи тука не им се дава никаква шанса.

<

-Во изминатите 10 години, и во време на СДСМ и во време на ВМРО ДПМНЕ имам аплицирано за работа на државни огласи, но просекот 10 не бил доволен да добијам вработување. Со оглед на тоа што и лидерот на власта и лидерот на опозицијата се доктори на науки, сигурно знаат што значи просек 10, и сигурно знаат дека инстелектуалците со висок просек својата шанса се повеќе ја бараат надвор од државата за да не дозволат нивните дипломи да се сведат на хартија за виткање бурек, вели Зоран Секуловски.

Зоран не е член на политичка партија. Снежана, барајќи можност да ги искористи своите компетенции пред 4 и пол години се зачленила.

-Се зачленив во СДСМ бидејќи верував дека кога ќе дојдат на власт ќе се изборат за тоа што го ветуваа, т.е. живот за сите и дека ќе им ги вратат од странство децата на мајките. Јас од нив не побарав да ме вработат партиски, јас само сакав да добијам можност според моите компетенциии и квалификации да се вработам и да придонесам во моето општество. Во 2018 бев одбиена од ЦСР каде што аплицирав за правник иако ги исполнував сите услови. 4 години откако се на власт СДСМ јас се уште не ја добивам таа можност, вели Снежана Секуловска.

Пред 10 месеци почина нивната мајка која се грижеше за нивниот братучед, кој е работонеспособен и за кого веќе 10 години се води постапка за семејна пензија која тој не може да ја добие иако има правосилно решение од Управниот суд дека правото му следува. Сега тие ја презедоа грижата за него. Снежана пак, морала заради сето ова да ги стави во мирување постдипломските студии.

-Според најновите информации во медиумите и со сомнителни дипломи има вработено во институциите, дали јас и мојот брат со овие компетенции и квалификации не заслуживме две работни места? Нели Битола е за сите, а не само за некој? Тогаш Битола е за мојот брат кој 10 години чека државно вработување, Битола треба да биде за мојот братучек кој 10 години чека да си го оствари правото на семејна пензија, Битола треба да биде и за мене да се вработам според она за кое што учев и студирав, вели Снежана.

Снежана моментално работи во приватна фирма која не е поврзана со нејзината струка, а нејзиниот брат вели дека преведува и работи на проекти.

Тв:Сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...