30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаРоднина на загинатата во Беса Транс: Мојата снаа имаше на нејзе накит...

Роднина на загинатата во Беса Транс: Мојата снаа имаше на нејзе накит вреден 7.000 евра но никој не знае каде е.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ.

<

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“.

Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Северна Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната.

Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра. – Златото не гори, нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ.
Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината. Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Северна Македонија, објави БНТ.

News24.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...