17.1 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаЗабаваЕден од најбогатите луѓе во светот планира да живее вечно- Научниците треба...

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да живее вечно- Научниците треба да најдат магична формула за вечна младост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос (58) планира да живее вечно.

<

Тој е најголемиот инвеститор во неодамна основаната биотехнолошка компанија Алтос Лабс, која ги собра некои од најдобрите светски научници за да најдат магична формула за вечна младост.

Безос, чие богатство се проценува на 182,2 милијарди долари, и други помали инвеститори, вклучително и руско – израелскиот тајкун Јури Милнер (60), „тежок“ 4,8 милијарди долари, вложија 3 милијарди долари во Алтос.

Дополнително, беше собран тим од врвни научници, меѓу кои и добитничката на Нобеловата награда Шина Јаманака од Јапонија, чија специјалност се матични клетки, и контроверзниот шпански биохемичар Хуан Карлос Исписуа Белмонте, познат по успешното развивање на ембриони од мешавина на клетка на мајмуни и луѓе.

Според американските медиуми, компанијата ќе се фокусира на „програмирање на клетките“, техника која се покажала ефикасна за подмладување на клетките во лабораторија, а некои дури веруваат дека може да помогне во искоренувањето на некои болести, како што се ракот и Алцхајмеровата болест.

Тоа е техника која работи со додавање на протеин во клетката што практично и дава инструкции да се врати на ниво слично на матичните клетки.

Двете лаборатории на Алтос ќе бидат лоцирани во САД – во Силиконската долина и Сан Диего, а една во Британија – во Кембриџ.

Главниот научник и основач на Altos, Рик Клауснер, вели дека компанијата има за цел да го отвори патот за програмирано подмладување на клетките и на тој начин да обезбеди сосема нов пристап во медицината.

Република
54history

Џеф Безос планира да живее вечно
КАЛЕИДОСКОП
21.01.2022 / 14:33

Американските медиуми се загрижени и за тоа што би можело да излезе од лабораторијата на Безос.

Младите сонуваат да бидат богати, а оние кои се богати да бидат млади. Затоа милијардерите пумпаат пари во индустрија која ќе може да го запре процесот на стареење и да ја врати младоста. Сепак, никој не знае што може да се роди во таа лабораторија. Знаејќи дека во тимот се и некои од контроверзните научници, не е исклучено „Алтос“ да стане место за тајно истражување на луѓе, пишуваат американските медиуми.

Светските експерти велат дека индустријата која се занимава со пронаоѓање на формулата за бесмртност и вечна младост ќе процвета во наредните години.

Според некои проценки, во 2030 година ќе вреди 420 милијарди долари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина !!!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги...

Унеско бара охриѓани да ги скријат клима уредите сателитските антени и соларните системи !!

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на...

Жител на селото Мислешево на гостите и на вработените во локалот им се заканувал со ќотек !!

На 17.05.2025 во 18.40 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа М.М.(54) од истото село затоа што претходно во...

Охриѓанец ја киднапирал бабата, сопругата и малолетната ќерка на негов сограѓанин !!

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој...