23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаИ мртвите немаат мир: Оштетени се десетина гробови близу црквата „Св. Спас...

И мртвите немаат мир: Оштетени се десетина гробови близу црквата „Св. Спас во Велес.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неколку гробишта во близина на црквата „Св. Спас“ од Велес се оштетни, на некои се копало, а на некои се фрлени или скршени надгробните плочи. Од СВР Велес велат дека се работи на расчистување на случајот.

<

Отидов на гробот од брат ми во четвртокот, кога гледам дека гробот од сопругата е ископуван. Земјата беше пресна, за разлика од соседниот гроб на синот и братот. Се гледа дека била ископана па префрлена и вратена. Не можам да верувам дека некои лица барале нешто. Срамота и болно се мали зборови“, вели велешанец.

Тој прошетал во околината и видел дека има уште пет во близина, каде се гледа дека е свежо копано и пребарувано. Има и искршени споменици и дрвени крстови.

„Во сите свежо сквернавени гробови се погребани лица под пред 10-15 години. Ако добро се забележи сите се копани до пола, не во долниот дел, или е скршена плочата од гробот во горниот дел. Тоа јасно кажува дека лицата што го сториле ова, барале накит, бидејќи во тој дел каде се копало, се рацете на покојните и главата, каде може има прстени или ланчиња“, вели револтирано велешанецот.

Тој верува дека повеќе лица ископувале. Низ гробишта од црквата „Св. Спас“ минува и локална улица, која е многу фреквентна.

Пред две години, на почетокот од февруари, по реакциите на граѓаните дека на гробиштата од црквата „Св. Спас“ се вршат кражби и напади врз жени кои се во посета на гробните места, им се одзема накит и злато, во полициска акција беше пукано во полицаец од цивил. Тој беше застрелан со четири куршуми, сторителите беа уапсени и се наоѓаат на одлежување казна затвор.
Јавува СДК.МК
ТЕКСТ
П. ПЕЧКОВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...