3.9 C
Ohrid
среда, јануари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаЕве со какво оружје и опрема, располага македонската Армија. (ФОТО)

Еве со какво оружје и опрема, располага македонската Армија. (ФОТО)

spot_img

Според официјаната страница на нашата армија, Македонија го има следново вооружување и опрема. (Информациите се транспаренти и секој кој сака може да ги види на http://www.arm.mil.mk/vooruzhuvanje-i-oprema/

<

Прикажани се само оружјата и помошните елементи, но не и конечната бројка. Па така, во арсеналот, барем од тоа што е прикажано, влегуваат:

Автоматска пушка 7,62 мм М-70 АБ2

Автоматски пиштол 7,65 мм М-61

Пушка М-93 „Црна стрела“

Снајперска пушка 7,9 мм М-76

Хеликоптер МИ-8/17

Хеликоптер МИ-24

Авион Злин 143Л

Авион Злин 242Л

Радио уред РФ-5800Х

Тактички пристапен мрежен уред РФ-6010

Командно моторно возило „Шевролет-Тахое“

1. Автоматска пушка 7,62 мм М-70 АБ2

Автоматската пушка 7,62мм М-70 АБ2 е наменета за уништување на непријателската жива сила и огнени средства. Пушката опремена со тромблон, успешно може да се користи за уништување на оклопни и други борбени возила, бункери, утврдени згради и за зачадување и осветлување на боиштето.

2. Автоматски пиштол 7,65 мм М-61

Автоматскиот пиштол 7,65 мм М-61 е оружје со мали димензии, мала тежина и голема брзина на гаѓање. Наменет е за уништување на непријателска жива сила на блиски растојанија. Служи како лично оружје на старешините и војниците поставени на одредени должности и специјалности. Погоден е за извршување на диверзантски дејствија и за борба во населени места.

3. Пушка М-93 „Црна стрела“

Пушката М 93 е наменета за гаѓање на цели на отворен простор и неоклопни возила на далечина до 1500 метри и цели во лесно оклопни возила и цели зад заклони на далечина до 800 метри.

Покрај уништување на жива сила Црната Стрела може да се користи и за дејство против цели како што се неоклопни и лесно оклопни возила,приземјени авиони и хеликоптери, радари и друга електронска опрема,центри за врска и командни места.

Ефикасна е и за борба против непријателски снајперисти. Црната Стрела е репетирка,со концепција заснована на Маузеровиот систем.

Пушката се произведува во два калибри. Српската војска ја користи варијантата на калибар 12,7×108 мм, додека за извоз наменета е верзијата 12,7x 99 мм.

4. Снајперска пушка 7,9 мм М-76

Снајперската пушка 7,9 мм М-76 служи за уништување на важни поединечни (неподвижни, моментни, подвижни) и маскирани живи цели на поголеми далечини.

5. Хеликоптер МИ-8/17

Производител Мил, Земја на потекло. Русија, Максимална брзина 250 км/ч, Крстосувачка брзина 230 км/ч, Вооружување (само за Ми-8МТ), 2 митралези 7.62 мм, 6 лансери УБ 32- А за ракета С-5 (по 32 секој), 2 лансери Б8 В20 за ракета С-8 (по 20 секој), 4 бомби од 250 кг, 2 бомби од 500 кг, Екипаж 3 ( 2 пилоти и 1 техничар летач)

6. Хеликоптер Ми-24

Хеликоптер Ми-24 е борбено транспортен хеликоптер од руско производство наменет за противоклопна борба, блиска огнена поддршка, дејство против жива сила, утврдени цели како и за превоз на војници и превезување на ранети и повредени.

7. Авион Злин 143Л

Авионот Злин 143 Л е четворосед, едномоторен, нискокрилец со фиксен стоен трап од типот на трицикл.Наменет е за: Основна и напредна обука на пилоти ; Туристички летови; Влечење на едрилици и транспаренти.

8. Авион Злин 242Л

Авионот Злин 242 Л е двосед, едномоторен, нискокрилец со фиксен стоен трап од типот на трицикл. Наменет е за: Обука на пилоти; Изведување на акробации; Влечење на едрилици.

9. Радио уред РФ-5800Х

РФ-5800Х-МП служи за воспоставување и одржување на радио врски во HF фреквентно подрачје.
10. Тактички пристапен мрежен уред РФ-6010

Поддржува една до четири Falcon 2 радио мрежи, Мрежен интерфејс 10Base2 или 10BaseТ кон надворешните мрежи, Point to Point Protocol кон Falcon 2 радијата, Локални телефони 4 аналогни телефони (POTS), Надворешни телефонски линии, PBX/PSTN) 8, Телефонија Северно американски и Интернационални телефонски стандарди, DTMF детекција, контрола на нивото на A/D,D/A PCM конверзија

11. Командно моторно возило „Шевролет-Тахое“

Марка „Шевролет”

Тип Тахое

Мотор V- 8

Максимална моќност на моторот 4800 cm3, 364 кс, 267 KW

Тежина 2700 кг

Димензии Должина 600 см, со витло 640 см

Висина 200 см, со антени 250 см

Ширина 228 см

Максимална брзина 200 км/ч

Потрошувачка22 л / 100 км

Резервоар 100 литри

Извор: www.arm.mil.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...