16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид го добива најголемиот брод – катамаран во земјата

Охрид го добива најголемиот брод – катамаран во земјата

Три години трае изградбата на најголемиот брод кој некогаш запловил на Охридското Езеро.


Всушност тоа ќе биде брод – катамаран, со универзална намена што ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид, велат браќата Гилески, сопственици на препознатливата бродска флота која плови под името „Александрија“. По 1 и 2, во догледно време по езерото ќе плови и „Александрија 3“.

Изградбата на новиот брод „Александрија 3“ до неодамна се одвиваше во затвворен простор – хангар, од каде со специјално возило и механизација деловите на бродот се пренесуваат во населбата Воска, во близина на стадионот Грашница.

Тука ќе се одвиваат завршните работи, односно ќе се врши спојување на веќе изготвените елементи, по што бродот ќе ја добие конечната форма и функција, на еден голем катамаран кој ќе може да опслужува до 250 патници. – велат за OhridNews сопствениците на „Александрија 3“.

Според најавите бродот – катамаран треба да биде завршен во текот на наредната година, кога и се очекува да заплови на Охридското Езеро. Вистински предизвик ќе биде неговото закотвување и опслужување на што исто така интензивно се работи.
Со зголемувањето на бродската флота неминовно се наметнува потребата од подобрување на пристанишната инфраструктура на Охридското Езеро и регулација на пловниот сообраќај, кој добива како на интензитет, така и на актуелност.
ОhridNews

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...