Се подготвено за Осветување на Св.Симеон Столпник.
Темелите беа осветени на 28.02.2013 година. На местото на старата црква (која беше целосно турната)се изгради нова црква … 17.07.2022 во Куратица се осветува уште еден православен храм, Св Симеон Столпник (почеток на црковната година), Церемонијата започнува во 8 часот,
од(во текот на целиот ден) 10:30 часот започнува ручек во Етно ресторан Дедо Димо.Од 12ч започнува општонародна веселба со музика на курајчкото сретсело.Од црковниот одбор и месната заедница ги покануваме сите верници кој сакаат да присуствуваат а за тие што нема да сево можност ќе биде обезбеден пренос во живо на https://youtu.be/Whmp2e3UkiQ од страна на 2SStudio и Етноресторан Дедо Димо.
Симеоновден или денот на Свети Симеон Столпник е голем православен празник, кој се одбележува на 1 септември според грегоријанскиот или на 14 септември според јулијанскиот календар. На овој празник започнува Црковната Нова Година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е
поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија и Светот имаат и многу заеднички елементи. Обичаи
На 1 септември според стариот календар (или на 14 септември според новиот) започнува црковната година, а во народот овој ден се сметал за голем земјоделски празник. Тоа најповеќе се манифестирало со обичаите и верувањата поврзани со започнувањето на есенската сеидба. Се верува дека откако е собрана летнината е завршен еден годишен циклус и започнува друг со првата есенска сеидба. Преданието сведочи дека на Првиот вселенски собор е одредено црковната година да започнува на 1 септември. И кај Евреите со месецот септември започнувала граѓанската година, тогаш се собирале плодовите и се
искажувала благодарност кон Бога. Во историјата на христијанството овој месец е значаен и по тоа што во септември царот Константин извојувал значајна победа над Максенциј, голем неверник и противник на христијанството и оттогаш започнало слободно изразување на христијанската вера. Од Симеоновден започнува есенската сеидба. Се носело семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома се мешало со другото жито подготвено за сеење. Исто така се верувало дека на овој ден не се давало заем и не се
изнесувало ништо од дома за да не се разнесе касметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнасамо“. Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото. Орачот на нива носел дисаѓи со жито, а во житото имало прстен (златен или сребрен), потоа китка босилек, китка од разни
други цвеќиња, две гросчиња бело и црно грозје, неварено јајце, чешел за коноп и мало
лепче (кравајче). Во семето се измешувале и зрна од „брадата“ од минатата година што
дотогаш се чувала во амбарот. На воловите им врзувале бела крпа за да е бело житото. По
пристигнувањето на нивата орачот најпрвин изорувал една бразда, потоа низ прстенот
пропуштал еден грст семе и го фрлал во нивата. Чешелот го ставал во нивата за да е густ
бериќетот како чешелот, белото грозје го фрлал во нивата за е бело (чисто) житото, а
црното го фрлал надвор од нивата за да нема какол и гламна. Босилекот, китката со разни
цвеќиња ги ставал во браздата како дар за нивата, а потоа со втората бразда сето тоа го покривал со земја.