27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу сака да соработува за да се...

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу сака да соработува за да се утврдат причините за несреќата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сопственикот на Беса транс Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.

<

Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената.

Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија.

-Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука, изјави Јовески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...