30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМомчето на сега починатата Викторија придружуван од стотина луѓе пристигна во Скопје-...

Момчето на сега починатата Викторија придружуван од стотина луѓе пристигна во Скопје- Редно е да се стави СТОП за сообраќајното насилство.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ стотина луѓе излегоа денеска на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје на мирен протест. До ова доаѓа по сообраќајната несреќа во која младата Викторија Николова загина, односно беше прегазена на истата раскрсница.

<

Луѓето гинат по улици, а абер нема од системот на камери за казнување

Собирот го организираше момчето Леонид Даов, кој бил со неа и при тоа бил лесно повреден во истата сообраќајна несреќа. Ова е мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот.

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, беше наведено во поканата за настанатот на социјалната мрежа Фејсбук.

За една недела три лица загинаа на скопските улици, двајца додека минувале на пешачки премин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...