29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонија„Сиромашните Македонци по затвори, богатите дома, со докажана вина“

„Сиромашните Македонци по затвори, богатите дома, со докажана вина“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Веќе никој не верува во судство, умираат по затвори сиромашни, богатите седат дома иако се докажа нивна вина. Како да ви верува некој?“, гласи еден од коментарите на читателите на РСЕ по интервјуто со државниот обвинител Љубомир Јовески, кој вели дека Обвинителството не е селективно. И односите Македонија – Бугарија секогаш се предизвик за коментирање на социјалните мрежи.

<

„Обвинителството не е селективно, има отворено предмет за висок функционер во Владата, за државен секретар во едно од министерствата, потоа за обвинители, судии…“, вели покрај другото јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во неделното интервју за РСЕ.
Со три Смешковци, Драги Арабаџиев коментира на нашата ФБ страница: „Ама никако да ги стигне“, а Ѓорѓи Поп Андонов додава: „Да видиш да не веруваш“. И нашиот редовен посетител, Лута Ахмети, со заклучок: „Веќе никој не верува во судство, умираат по затвори сиромашни, богатите седат дома иако се докажа нивна вина. Како да ви верува некој?“ Влатко Ивановски со конкретни примери и прашање му возвраќа на јавниот обвинител: „За овие 5 години дали некој од власта завршил во затвор? Што е со 215 пасоши дадени на белосветски криминалци? Со шверцот на цигари и алкохол во дипломатска пратка за Италија? Со дрогата во полициско возило на црногорска граница? Вие ниту истрага не поведовте“.

Односите Македонија – Бугарија секогаш се предизвик за коментирање на социјалните мрежи. МНР на Бугарија со соопштение реагираше за приемот на претставници на здружението на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Од Кабинетот на претседателот реакција со неговиот став: „Ниту една постапка не е во спротивност со Договорот за пријателство вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани на Република Бугарија“.
За повеќе детали,Тука
Радио Слободна Европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...