2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПроизводите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM 2022 во Келн

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM 2022 во Келн

spot_imgspot_img

Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30ти јануари до 2ри февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари.Овој саем важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни предности.

„ISM Келн е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Годинава, иако под пресија на пандемијата, со програмата, учесниците, активностите и можностите што ги нуди, ISM Келн уште еднаш си ја потврди репутацијата како најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука“, вели Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38 000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија сите страни на светот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...