9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Борбата за Македонија допрва доаѓа

Апасиев: Борбата за Македонија допрва доаѓа

spot_imgspot_img

Апасиев со нов статус на фејсбук: ОНОЈ КОЈ СЕ ПЛАШИ ВО ОВОЈ МОМЕНТ Е ВИНОВЕН, ОТИ НЕВИНОСТА НИКОГАШ НЕ СЕ СТРЕСУВА ПРЕД ОЧИТЕ НА ЈАВНАТА БУДНОСТ

Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума ПАРИ на Левица во пропаднатата Еуростандард банка.

И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив.

А НИЕ…
Ние сме учени без пари. Онака, баш герилски и партизански. Во тоа, всушност, лежи нашата сила!

Уште пред повеќе од една деценија, почнавме буквално од нула да градиме автентично политичко движење, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нас никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина.

Оти сме троскот. Не можете нас да нè искорнете! Во тоа е нашата незгодност.
Ние сме тие лоши, ЦРНИ, малечки гадови! Проклет да бидам, таква ни е ѕвездата. Кај и да одиме, се бориме со милион интриги. Нè ловат како некои ѕвериња. Ама па и ние, проклет да бидам, и ние не се даваме! Чуден некој сој сме ❤️

Еве, во канцеларијата на Президиумот, уште си ја чуваме прочуената тегла за ДОНАЦИИ на „Ленка“. Како наша реликвија, за која нè врзуваат убави спомени од младоста.

Да нè потсеќа секогаш на нашите почетоци, кога во Градскиот парк, на секој состанок собиравме активистички прилози за потребните реквизити. Никогаш не ја фрливме, оти не знаеш животот шо носи. 😉

Затоа, до сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани – имам само една порака: Не паѓајте во духот! Парите се битни, но не се најбитни.

Лавината наречена Левица веќе е невозможно да биде запрена. Семето на Отпорот е посеано на плодна почва и на здрава основа. Раководството е консолидирано и има план за АКЦИЈА.

Веќе во март-април следната година, врз основа на одличниот изборен резултат, ќе добиеме рекордна сума која ни следува од државното финансирање. А дотогаш?

Дотогаш ќе водиме правна битка за поврат на заробените средства и легислативна битка за радикална РЕФОРМА на лихво-банкарскиот сектор. И ќе издржиме! Солидарно, здружно и машко-женски. ✊

Приемниот испит е положен, пред очиглед на народот. Ние ги спасивме идеалите и принципите, со тоа што не се шитнавме.

А ако се спасени ПРИНЦИПИТЕ – сè е спасено!
Од длабочините на гнилежот ќе се издигне спасителната кауза – прочистена, свежа и неподмитлива.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...