7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаЗабаваЍ бил забранет влез во зоолошката затоа што се заљубила во едно...

Ѝ бил забранет влез во зоолошката затоа што се заљубила во едно од шимпанзата

На Ади Тимерманс од Белгија ѝ бил забранет влез во зоолошката градина затоа што се заљубила во едно од шимпанзата. Ади никако не можела да го најде својот маж од сништата, па решила да си ја побара љубовта во зоолошката градина. Таа објаснила дека не барала маж, туку љубов.

Ади вели дека се заљубила во шимпанзото Чита. Тој има 38 години и поголем дел од животот го поминал во зоолошката. Но, затоа што претходно бил домашен миленик, тешко се социјализирал со другите шимпанза. Ади вели дека за неа тоа било љубов на прв поглед.

Таа одела секое попладне во зоолошката само за да се види со Чита. Секој ден го бацувала преку заштитното стакло и си се поздравувале еден со друг. Ади вели дека била пресреќна како да е на седмото небо. Но, едно утро вработените одбиле да ја пуштат внатре.

И објасниле дека нејзиното друштво лошо влијаело на Чита.

„Тоа шимпанзо секој ден е со својата група, но тие не сакаат да го прифатат затоа што тој избира човечко друштво кога ќе му се укаже можност. Кога ќе се зближи толку со човек, другите шимпанза автоматски го отфрлаат. Овој потег е направен за негово добро и заштита“, рекле од зоолошката.

Тие објасниле дека во еден момент Чита бил нападнат од другите шимпанза и едвај успеале да го спасат. Ади вели дека ѝ е скршено срцето. Таа побарала помош и преку медиумите, каде што раскажала за нејзината несудена љубов.

„Знам дека тој ме сака. Го сакам и јас него. Немам никој друг. Не знам зошто ми го прават ова. Тој има 38 години, а шимпанзата во просек живеат по 40 години. Ако веќе не го сменил своето однесување, тоа нема ни да го направи во иднина“, рече Ади, која со Чита била во врска 4 години

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...