4.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Мичиген одбележани 150 години од раѓањето на војводата Смиле Војданов

Во Мичиген одбележани 150 години од раѓањето на војводата Смиле Војданов

Денеска на градските гробишта Пери Маунт Парк во градот Понтијак во сојузната држава Мичиген со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото – Смиле Војданов.

Заокружување на уште еден сегмент од патриотскиот долг кон храбрите и непоколебливи синови на Македонија кои целиот свој живот го посветија на делото за создавање на македонска независна држава. Во услови кога државата не дава сигнали на грижа за културно-историскиот континуитет на генерациите кои се вградија во создавањето на државата Македонија, наша должност е да го одбележиме секој македонски син и деец”, изјавија Ана Дукоска и Гоце Панговски, претставниците на здружението „Заборавени Македонци“ во САД на одбележувањето на јубилејот 150 години од раѓањето на Смиле Војданов.

Смиле Војданов во Македонија по Втората светска војна – „Нова Македонија“
„Ако Македонците овде во САД сакаат автентично да го прикажат ликот и делото на големиот македонски деец Смиле Војданов тогаш не постои подобро место и не постои подобра паралела, а можеби и пророчка коинциденција, освен онаа со Обвандијак односно Понтијак, индијанскиот поглавица на племето Отава по кој овој град го носи името. Поглавицата Понтијак беше водач и бранител на својата земја во големото и неуспешно востание од 1763 година, исто онака како што Смиле Војданов век и половина подоцна учествуваше во едно исто така неуспешно, но многу храбро и историско, македонско Илинденско востание од 1903 година за ослободување на Македонија. За жал, на Смиле Војданов не му било судено гробот да му биде во Македонија, земјата во која се роди и за која се бореше. Тој е тука во САД, неговата втора татковина, кадешто почива во мир, и мошне заслужената почит“, рече Ана Дукоска.

Гоце Панговски зборуваше за патриотските етапи на Војданов почнувајќи од неговата жива и мотивирачка активност во текот на Илинденското востание во кое останува забележан по историскиот повик до македонските соборци-учесници во востанието од 1903 година: „Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.“

Панговски го подвлече како исклучително важен Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС) на кој Смиле Војданов беше претседател и во кој се вели: „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност“. Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“

Четата на Смиле Војданов
На настанот говореа и двете внуки на Смиле Војданов, сестрите Џин Војданова-Јустинг и Џуди Војданова, ќерки на најмалиот син на Смиле – Илија Војданов. Илија бил ветеран од Втората светска војна и е погребан на истите гробишта во близина на својот татко.

Џин Војданова-Јистинг втората ќерка на Илија Војданов, најмладиот син на Смиле Војданов во своето обраќање до присутните меѓу другото рече: „Благодариме на „Заборавени Македонци“ за организирањето на 150-годишнината за чествување на роденденот на мојот дедо Смиле Војданов.Тој навистина би бил мошне благодарен. Сѐ уште ми е свежо сеќавањето на него како на една од последните маси во нашиот ресторан заедно со други постари сонародници зборуваат на македонски или како чита весници. Честопати во сеќавање ми е фотографијата од Смиле во востаничка униформа како борец против Османлиската империја, но во тоа време не го разбирав целосно значењето на неговиот удел во Илинденското востание сѐ до оној момент кога одлучивме со мојот сопруг Кен да ја посетиме Македонија. Додека престојувавме во Охрид посакав да го посетам и Лактиње, родното село на татко ми Илија коешто се наоѓа на 30-на километри од Охрид. Во селската месна заедница во Лактиње сѐ уште стои фотографија од дедо ми со други двајца постари луѓе и на средсело има спомен-обележје во чест на неговото учество во Илинденското востание. Ви благодариме за организирањето на настанов.“

Сведоштвото за Смилета Војданов низ солзи го пренесе и 87-годишниот Даниел Смиле Војданов, внукот на Смиле Војданов од неговиот најстар син Аврам.

Со благослов на митрополитот Методиј од Македонска православна црква -Охридска Архиепископија се одржа панихида за македонскиот револуционер и војвода Смиле Војданов на неговото вечно почивалиште. Панихидата ја отслужи протоереј Драган Јорданов, архиерејски намесник и парохиски свештеник во македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хајтс во Мичиген.

Здружението „Заборавени Македонци“ по повод јубилејот „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ под истото мото денеска пушти во поштенски сообраќај пригоден поштенски плик и картичка со ликот на Смиле Војданов во ограничено издание од 150 пликови напоредно на македонски и на англиски јазик наменети за колекционерски цели.
За повеќе детали ТУКА Mkd.MK

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...