29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициски службеници се истепале меѓу себе во Кочани?!

Полициски службеници се истепале меѓу себе во Кочани?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на претходната седмица, полициски службеници од МВР Кочани во видно алкохолизирана состојба меѓусебно физички се пресметувале на паркинг пред извесен угостителски објект во градот.
Во физичката пресметка еден од службениците се здобил со тешки телесни повреди, нанесени од страна на група од негови колеги, за кои постои сомневање дека се во блиски релации со началникот и командирот на ОВР Кочани.

<

Дали ова сознание е точно, и е можеби главната причина поради која за споменатиот инцидент со денови се молчи од ОВР Кочани и во врска со истиот јавноста не е информирана преку релевантните форми на известување за дневните кривични настани?
И дали излезноста во нивниот билтен е на истиот начин или сега е со Н.Н. лица?

Постојат сомнежи и за притисоци од страна на раководните структури на ОВР Кочани за прикривање на целиот случај, неправилно реагирање и постапување по пријавата за физичката пресметка, како и за тоа дали се преземени соодветните интерни мерки кон насилните полициски службеници.

Ваквиот настан несомнено дава лоша слика за грижата за состојбата со безбедноста во Кочани, имајќи предвид дека во инцидентот учесници се токму лица кои по службена должност се најодоговорни за воспоставување на јавниот ред и мир во градот.

Во оваа прилика прашуваме и дали во изминатиот период овој кривичен настан е единствениот случај на меѓусебна пресметка и насилство од страна на полициски службеници од ОВР Кочани или постојат и други вакви примери на недолично однесување?

Дали контролата на Министерот се сведува на ваков начин и пристап, и дали за граѓаните е еден а за блиски на командирите е друг аршинот?

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани јавува радио Кочани

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...