13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаХелсиншки комитет бара да се разреши директорот на училиштето кадешто учи Амбла

Хелсиншки комитет бара да се разреши директорот на училиштето кадешто учи Амбла

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хелсиншкиот комитет за човекови права во земјава реагирајќи на бојкотот на родители кои не сакале нивните деца да учат со 11-годишното девојче со Даунов синдром Амбла, соопшти дека подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара Општината Гостивар итно да го разреши директорот на училиштето во Гостивар кој, како што наведува – „дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Амбла“.

<

-Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас. Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, наведува Хелсиншкиот комитет во реакцијата за овој случај.

Од Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат Комитетот бара да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата, а од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, ХК бара повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.

Според Хелсиншкиот комитет, санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост.

-Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник’’ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, наведува Хелсиншкиот комитет.
Јавува: Гостивар Прес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...