21.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчанецот Димче Стојановски со скијање го прослави неговиот 88-ми роденден

Битолчанецот Димче Стојановски со скијање го прослави неговиот 88-ми роденден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Среќен 88. роденден Димче

<

Денес во 11.00 часот свечено на Ски – центарот Нижеполе, со многу емоции и овации се одбележа еден несекојдневен и исклучителен момент – 88.роденден на Димче Стојановски, нашиот најстар активен скијач.
Нижеполе изгледаше посебно, незаборавно и во полн роденденски сјај.
За него годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.
Неговата денешна роденденска забава ќе разубеди секого дека е престар за да направи нешто или пак дека во поодминати години нема да ужива во адреналинот.
Ни беше огромна чест и задоволство да бидеме дел од славеничката атмосфера.
Убаво е чувството кога ќе се споделат овековечени моменти со сведокот на историјата на скијалиштето Нижеполе.
Му посакуваме секогаш да има весело расположение, добро здравје, сила да се спротивстави на тешкотиите и уште долго да го гледаме на скијачките терени.
Нека зборовите ја заменат прегратката, а нашата фотографска и видео документација да послужи да ги пренесе нашите најдобрите желби за среќен роденден.
Ски Центар НижоПоле

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...