14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКамена греда со натпис МАЦЕДОНИС во Архелошкиот музеј во Драч.

Камена греда со натпис МАЦЕДОНИС во Архелошкиот музеј во Драч.

Не е познато каде е пронајден овој археолошки предмет, но написи со името Македонија се среќаваат насекаде каде што живееле Македонците. На своите градби тие оставале свои белези.

Во старите записи и мапи Македонците се прикажани како посебен народ, различен од другите балкански народи. Исто така, од старите карти со сигурност може да се каже дека територијата и границите кои го носат името Македонија, отсекогаш биле релативно прецизно дефинирани, почнувајќи од античко време, па се` до денес. Ваков историски континуитет од 3.000 години на името на земјата и народот не е забележан кај другите балкански земји. Тоа ја потврдува Македонија како античка и библиска земја.

Во зависност од моќта на државата, границите на Македонија биле променливи. Најголеми биле во времето на Александар III Македонски (336 – 323 п.н.е) кога Македонија се простирала од реката Дунав, па се` до реката Инд, но, по неговата смрт и распадот на Македонската империја, границите на Кралството постепено се смалувале.

Во историографијата, најчесто се прифатени границите на Македонија кои ги воспоставил Филип II. Страбон кој живее во I век пред нашата ера во својата „Географија“ ги дефинира границите на Македонија, но тие се граници по паѓањето на Македонија под римска власт. Подоцна овие граници биле прифатени од повеќето римски и подоцнежни автори.

Границите на Македонија кои ги дифинирал Страбон се:

1. На север планината Бертиск (денешните северноалбански планини), планината Скард (денес Шар Планина, Сува Гора, Јакупица, северните падини на Бабуна), областите северно од Билазора (денешен Велес), денешно Овче Поле, планината Козјак и Осоговските Планини;

2. Источната граница на Македонија допирала до реката Места, јужните падини на планинскиот масив на Родопите и Пирин Планина на североисток;

3. На југ западната граница допирала со Епир. Планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад биле најјужната граница на Македонија. Јужната јазична граница на Македонија од југ кон југоисток одела по реката Пенеиос (Пенча), областа Тесалија, Егејско Море со Халкидичкиот Полуостров и островот Тасос, и

4. На запад границата допирала до Јадранското Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија.

Всушност, Македонија во антиката се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се наоѓала меѓу Тракија на исток и Јадранското Море на запад, при што Тесалија била на југ од Македонија, а Дарданија на север. Илирија пак им била севернозападен сосед.

Овие граници кои кои ги дава Страбон и се однесуваат до паѓањето на Македонија под римска власт (168 г.п.н.е), подоцна биле прифатениод повеќето римски и други подоцнежни автори.

Во 148 година п.н.е. Македонија била претворена во римска провинција со постојан римски провинциски намесник. Иако границите на провинциите Македонија Прима и Македонија Секунда во разни периоди биле менувани, сепак повеќе или помалку тие промени секогаш останувале внатре, во историско-географските граници на Македонија.

Во 297-та година, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан, била извршена нова административна реформа, а римското царство било поделено на 12 големи диецези, кои, пак, биле составени од 100 провинции. Се смета дека со овие реформи од дотогашната провинција Македонија биле формирани три нови провинции: Тесалија, Нов Епир и Македонија.

Исто така се смета дека нови административни поделби се извршени кон крајот на 5-от век во Византија, како последница на пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476-та година. Фактот што во ова време се спомнуваат две Македонии може да значи дека покрај постоечката провинција Македонија Прима, повторно била формирана и Македонија Салутарис, односно била обновена втората Македонија. Кога настанала оваа промена не се знае точно, но се претпоставува дека тоа се случило помеѓу 479-та и 482-та година.

Последен пат Македонија Прима и Македонија Секунда заедно, како две провинции, се споменати во 535-та година во 11-та новела на царот Јустинијан Први по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ во нововостановената Архиоепископија Јустинијана Прима.

Меѓутоа, нема податоци за архитравната греда во археолошкиот музеј во Драч од римскиот период, со натпис „Мацедонис“. Само поради фактот дека таа и изложена во овој музеј, можеме да претпоставуваме дека можеби потекнува од просторот меѓу Љеш, Драч и Аполонија. Но исто така говори дека територијата била некогаш во рамките на македонската држава и дека таму од давнина живееле Македонци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...