14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабаваБизнисменот со македонско потекло му нуди „спас“ на Роган со понуда од...

Бизнисменот со македонско потекло му нуди „спас“ на Роган со понуда од 100 милиони долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Крис Павловски, сопственикот на видеоплатформата „Рамбл“, му понуди 100 милиони долари на интернет-водителот Џо Роган за да го напушти „Спотифај“ и да се префрли на неговиот сервис.

<

Павловски, инаку бизнисмен со македонско потекло, кој живее во Торонто, Канада, ја објави понудата на Твитер. Тоа уследи по отвореното писмо на извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек, во неделата, во коешто се извинува за употребите на расна навреда од страна на Роган во постарите епизоди на неговата интернет-емисија, пишува Нова Македонија.

Њујорк тајмс“ претходно го опиша Роган како „еден од најконсумирните медиумски производи на планетата. Неговиот подкаст е најпопуларен на „Спотифај“. Во 2020 година, Роган потпиша договор од 100 милиони долари со „Спотифај“ што му даде на стриминг-гигантот ексклузивни права за неговата емисија.

Странските медиуми потсетуваат дека од почетокот на пандемијата, Роган, кој има легии посветени следачи, постојано шири дезинформации и лажни тврдења. Пред неколку недели, 270 лекари, научници, здравствени работници и професори напишаа отворено писмо до „Спотифај“, изразувајќи загриженост за медицинските дезинформации на подкастот на Роган. И други познати личности како музичарите Нил Јанг и Џони Мичел го критикуваа Роган и ја повлекоа својата музика од стрим-сервисот „Спотифај“ во знак на протест.
Јавува: Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...