19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИ малиот 11-годишен Ариел од Кичево се соочува со пречки во образованиетo.

И малиот 11-годишен Ариел од Кичево се соочува со пречки во образованиетo.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е 11 годишниот Ариел со Даунов синдром. Мајка му дознала уште во првите месеци од бременоста дека Ариел е со Даунов синдром но одлучила да го роди и израсне таков каков што е. За родителите почнале тешкотиите кога Ариел требал да почне на училиште. Во селото Колибари и Грешница немало услови, затоа родителите го донеле во основното училиште Санде Штерјоски во Кичево. Тука има специјална паралелка за деца со посебни потреби, но наставата е само на македонски.

<

Од првиот ден на училиште учи на македонски јазик, како родители побаравме да има дефектолог и да учи на албански јазик бидејќи тоа го дозволува Уставот со закон, но за се што побарав не наидов на слух, не ме зедоа предвид“ вели таткото на Ариел.

Директорот на училиштето кажува зошто нема паралелка на албански јазик.

„Со новиот закон од минатата година нашето училиште доби статус на училиште за ученици со посебни потреби, школо за поддршка, а центарот ни е во Битола во училиштето “Кочо Рацин“ каде на учениците со пречки во развојот и говорот им се прави категоризација т.н. МКФ и потоа се прави категоризација а им следува и личен наставен асистент“, вели Рахим Пиљоли, директор на ОУ Санде Штерјоски.

Таткото на Ариел вели дека неговиот син има лекарска класификација о0д лекари, но тој повторно, за да го почитува законот контактирал со овој центар пред две години, но се уште не го повикале за термин. Тој и додека беше со нас неколку пати се обиде да стапи во контакт со центарот, но не беше возможно.

„Во јуни не викаа, нас како родители на вакви деца, дека треба да направиме категоризација на децата според – МКФ. Што е тоа, не знам. Во Скопје ни дадоа и телефонски број, се јавив 2 пати зборував со нив. Нивниот одговор беше дека ќе ни се јават и до ден денес, скоро две години, ниту ни се јавија, ниту ни дадоа термин,“ вели таткото на Ариел.

Друг проблем е и тоа што од кога почнала пандемијата Ариел не оди на училиште. Прво следел онлајн настава, но кога почнала наставата со физичко присуство, Ариел не бил повикан на училиште.

„Од кога почна Ковид, едно полугодие не учевме, потоа не учевме една година и сега не учеше ниту првото полугодие, мислевме дека ќе почне во второто полугодие но се уште не почна“, почна таткото на Ариел.

Директорот на училиштето ни рече дека тоа се случило поради тоа што дефектологот бил заразен со Ковид-19, а заразени биле и неколку ученици.

„Не почнаа во септември, почнаа само со онлајн настава поради моменталната состојба со Ковид, поради големиот број заразени, така да и наставничката едно време беше во изолација, а и нејзиното семејство. Имаше и ученици од таа паралелка кои беа заразени,“ вели Пиљоли.

Директорот вети дека оваа категорија ученици со посебни потреби ќе почне со настава следните денови, а за случајот на Ариел вети дека штом родителите ја достават категоризацијата на Ариел од МКФ, тој ќе се залага во училиштето во Битола на Ариел да му се обезбеди дефектолог Албанец со цел тој да продолжи со настава во нормална училница.
Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...