21.8 C
Ohrid
сабота, јули 20, 2024
ПочетнаЗабаваМилица е построга од мене- Премиерката на Србија откри како со партнерката...

Милица е построга од мене- Премиерката на Србија откри како со партнерката го воспитуваат синот

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“, откри детали од нејзиниот приватен живот. Таа зборуваше за нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ и синот Игор. Таа откри како го воспитуваат синот и рече дека не била строг родител.

„Секогаш ги гледаме омилените цртано, но не му дозволуваме да гледа преку ден, само навечер“, рече Брнабиќ и објасни дека иако Милица е таа која го има последниот збор, сепак и таа не е толку строга кон Игор.

„Тој е најголемата радост што ни се има случено во животот“, рече премиерката и додаде дека Игор бил многу талентирано дете.

„Еднаш кога ме праша: „Како ја замени трубата со хорна?“, останав без зборови. Неверојатно е како ги знае сите инструменти. Сака класична музика, а има само три години. Неверојатно е колку е паметен“, рече Ана.

Таа зборуваше и за Милица која работи како лекар. За неа вели дека ѝ дава голема поддршка не само во приватниот живот туку и во работата. За неа таа бил најголемиот критичар.

„Многу е искрена и директна и тоа прави да останам со двете нозе на земја. Понекогаш ѝ недостига нашиот поранешен живот. Таа поднесе голема жртва кога јас влегов во политиката и сум ѝ неизмерно благодарна за тоа. Изгуибвме голем дел од нашата приватност“, рече Брнабиќ.

„Мојата работа бара многу внимание и посветеност во секој момент. Кога ќе и легнам, ако надвор врне, размислувам дали некаде има поплави. Кога нема снег, во време кога обично треба да има, му се јавувам на министерот Недимовиќ за да го прашам како ќе се одрази тоа на нашето земјоделие. А кога имам слободно време, тука е претседателот што работи. Еднаш ми се јави во седум и пол наутро, на 1 мај, за да ме праша зошто увезуваме малини кога нашите се подобри и дали сме ги добиле податоците за раст во април. Тоа малку слободно време што ќе го најдам го минувам со семејството и пријателите“, рече Брнабиќ во едно од своите интервјуа.

Таа откри и во какви односи е со нејзините брат и мајка и покажа и приватни фотографии од нејзиното детство.

„Со брат ми имам одличен однос, навистина. Разликата меѓу нас е само 15 месеци, секогаш сме биле блиски“, рече таа.

Брнабиќ откри дека како средношколец учела во Петтата белградска гимназија и дека тоа бил најубавиот период од нејзиниот живот.

„Имав одлично друштво, иако беше од подобрите средни училишта и бараше многу посветеност, труд и учење. Тренирав пливање. Бев диво дете и после средно правев многу глупости. Во главата ми беа само излегувањата и ноќниот живот. Тоа беше убав период во мојот живот. Убаво си поминувавме на Геозавод, а правевме забави и во пештерите на Тасмајдан. Моите родители во еден момент кренаа раце од мене и ми рекоа деа кога не можат да ме смират подобро е да ме пратат во странство. Во Србија повторно се вратив во 2002 година. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам, затоа што нема поубаво место од Србија. Ова е мојот дом”, рече Брнабиќ.

За потсетување, Брнабиќ во 2017 година стана првата жена премиер на Србија.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Амбасадорот на Република Турција (Турк Фатих Улусој, во прва официјална посета на Општина Охрид.

Амбасадорот на Република Турција (Туркије), Фатих Улусој, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Графоначалникот Пецаков на средбата со Н.Е. разговараше за можностите...

Ангелов им додели благодарници на странските пилоти кои помагаат во гаснењето на пожарите

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак...

Таравари го именува доктор Горан Маркоски за нов дирекор на Општата болница во Охрид.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт...

Пожарникари утрово го извлекоа телото на давеникот во Дојранското Езеро

Во раните утрински часови извлечено телото на мажот кој вчера се удави во Дојранско Езеро. Тројца пожарникари од ТППЕ Струмица утрово го извлекле телото. од СВР...