6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваАнтониа на аукција продава фустан, а парите се за лекување на Анета...

Антониа на аукција продава фустан, а парите се за лекување на Анета Јовановска која се бори со рак

spot_imgspot_img

Пејачката Антониа Гиговска на аукција го продава свилениот фустан што го носи во спотот за песната „Хиена“, а парите ќе ги донира за лекување на Анета Јовановска, која боледува од карцином. За Анета во моментов се собираат пари и преку броеви за донации. Антониа вели дека почетната сума на фустанот е 10.000 денари. Аукцијата ќе трае десетина дена, а потоа фустанот ќе го добие тој што ќе понуди најмногу.

„Овој фустан е првата кастом мејд креација на мојата стилистка Викторија Бурсаќ. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам. Изработен е од свила и е S конфекциски број. Парите сакам да ги донирам за Анета Јовановска што боледува од карцином.
Нема да бидат пари коишто ќе помогнат многу, но се надевам на неа ќе ѝ значат. Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме. Почетната цена е 10.000ден“, напиша Антониа.

Пејачката рече и дека не знае како се ставаат предмети на аукција, па затоа идејата ја објавува на Инстаграм и Фејсбук за да ја видат што повеќе луѓе и да се вклучат во хуманитарната акција.

„Ќе ми значи ако ова го споделите и вие, затоа што можеби оние коишто не ме следат ќе видат токму од кај вас“, додава таа.

Антониа фустанот го носи во последните сцени од спотот за песната „Хиена“, што ја сними заедно со 2Бона. Песната за три дена има речиси 200.000 прегледи на Јутјуб.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...