16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаДобри луѓе сеуште постојат: Македонец кој живее во Швајцарија донираше гитара на...

Добри луѓе сеуште постојат: Македонец кој живее во Швајцарија донираше гитара на дете чија желба сега е ОСТВАРЕНА!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Саше Митев е нашинец од Струмица, а сега живее во Швајцарија. Денеска тој исполни уште голема детска желба. Својата гитара ја донираше на дете чија желба беше токму тоа.

<

Се започна со барање од еден родител во една популарна група на друштвената мрежа Фејсбук.

„Браќа некој да не има гитара стара ми треба за мое дете нека пише цена и модел. Немам многу пари ама морам да и ја остварам желбата“, гласеше објавата на Фејсбук.

Саше Митев се јави веднаш во коментар. Понуди бесплатно да донира акустична или електрична гитара. Неговата објава наиде на над 1.400 поздрави и честитки за големиот потег.

ТВ21 контактираше со Саше Митев, вели дека ова не му е прва донација, но не сака да експонира јавно работи кои треба да бидат сосема нормални.

„Би сакал да ја разбудам свеста меѓу нас и мислам дека со ова мало дело успеав барем малку во намерата“, ни рече во разговорот Митев.

Додава дека радоста на децата е нешто што ги грее срцето и душата.

„Детската насмевка нема цена“, ни рече Митев.
Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...