16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотБугарскиот амбасадор во Тирана -Албанија е спремна за во Европа и ја...

Бугарскиот амбасадор во Тирана -Албанија е спремна за во Европа и ја има нашата поддршка од првиот момент

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За време на посетата на Корча, бугарскиот амбасадор во Албанија Момчил Рајтчевски го коментираше ветото на неговата земја кон Македонија, што исто така ја држи Албанија како заложник на патот кон интеграцијата, пренесува Ора њуз.

<

Според истиот извор, дипломатскиот претставник на Софија во Тирана, изјавил дека разговорите со Скопје се интензивни за деликатни теми и оти е оптимист за договор со Северна Македонија.

„Тоа што се случува е меѓу Софија и Скопје каде се водат многу интензивни разговори. Само во последните месеци имаше неколку реципрочни посети, тоа е процес кој има за цел да постигне одржливи резултати со кои двете страни, со партнерите од ЕУ, продолжуваат да работат на деликатни и актуелни теми. Сите се надеваме дека во одреден момент ќе постигнеме договор, тоа е прашање на градење доверба и постигнување разбирање за заедничките прашања“, рекол амбасадорот.

Посочил дека и старата и новата влада во Бугарија секогаш го поддржувале ставот дека Бугарија е еден од најголемите промотори и поддржувачи на проширувањето во Европската унија, исто така и за иднината на земјите од регионот.

За Албанија, рекол тој, Бугарија не се сомнева дека заслужува да седне на маса со ЕУ, бидејќи смета дека задачите се завршени.

„Ставот на Бугарија во однос на Република Албанија е многу јасен, за нас Албанија го направи она што е потребно и вие сте подготвени и ве поддржуваме од првиот момент за влез европското семејство, да продолжите во ова семејсто и да го одржите првиот меѓувладина конференција“, нагласил Рајтчевски.

На прашањето за кризата меѓу Русија и Украина тој одговорл дека е амбасадор на Бугарија во Албанија, но она што може да го каже е „дијалог а не монолог”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...