30.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаЗабаваФросина до Апасиев: Димче, те имам видено мокар во купачи два пати...

Фросина до Апасиев: Димче, те имам видено мокар во купачи два пати – имам и слики, кај ти е крајот ако јас кажам каков си?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се најде во центарот на вниманието, по објавата на социјалните мреж каде пишува дека неговиот син го плаши со ликот, на Добрила Кацарска -претседателската на Уставниот суд.
На ова не остана рамнодушна Фросе па веднаш му врати:
Димче, не заборавај дека бевме у исто друштво со прекрасни луѓе на рафтинг на Тара и у термалните бањи во Лутраки пред околу 4 години.

<

Те иам видено мокар у купачи два пати, а иам и слики. Замисли да земев да коментирам како изгледаш. Кај ќе ти беше крајот?

Не бе Димче, не иде вака. Се декларираш како прогресивен и слободоумен човек, а дискутираш за физичкиот изглед на една жена. Критикувај ја Кацарска за нејзината работа. Одери ја од критики за нејзината валкана работа, затоа што го заслужува тоа.

Но да коментираш физички изглед е бушење на дното кое не смее да си го дозволи ни еден човек, а не пак политичар кој седи во парламент и зема пари од народот. И тоа за жена коментираш.

А Исак можеше да се плаши и од Рашковски и од Грујо на пример. Значи ти без да сакаш си покажа дека жената сè уште ја гледаш првенствено од аспект на физичка појава, како и секој пештерски примерок.

Ај кога веќе вреѓаме физички изглед, а не критикуваме нечија лоша работа, тогаш ќе ти кажам дека Исак се има уплашено уште при првото доење кога погледнал у фаца на доилката.

Не е ок, а? Навредливо е, така? Критикувај нечија работа, а не нечиј изглед. После ова џабе сите десетки на факултет.

Не ти требаше ова, ама ај професор си, може вака треба да се понашаат професорите, од кај знам јас? Јас келнер сум.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...