25.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаСветПолицајци несакајќи убиле друг полицаец додека се одмарал.

Полицајци несакајќи убиле друг полицаец додека се одмарал.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги.

<

Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна седенка во селото Златар, на која синоќа на полноќ беше убиен полицаецот од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега.

Ниту еден од 15-те полицајци, кои присуствувале синоќешната седенка не бил таму во својство на службено лице.

– Повреденото лице, во случајов полициски службеник, е пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарите тој починал како последица на здобиените повреди. Според прелиминарните истражни дејствија, се претпоставува дека настанот се случил на приватна седенка, на која учествувале 15 полициски службеници, сите надвор од службените задачи. Осомниченото лице во овој случај е уапсен од КПИ под сомнение дека го извршил кривичното дело убиство и со одлука на обвинителот му е одреден притвор во траење од 48 часа и е суспендиран од службата, се наведува во соопштението.

Пишува: Фокус.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателот на Собранието Гаши е итно хоспитализиран на Клиника !!

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“...

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Благодарение на навремената интервенција на шумочуварите, спречен е уште еден обид за подметнување шумски пожар во тешко пристапен дел од Осоговските Планини, објави дирекоторот...

Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија-Се урнал плафанот од бањата

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во...

Пратеничката Жаклина Пешевска се фати на оро со Македонците во Овчарани, Грција

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од традиционалната веселба на Македонците за...