6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниКолумна на : М-р Слободан Томиќ- Без единство, засекогаш ќе ја избришат...

Колумна на : М-р Слободан Томиќ- Без единство, засекогаш ќе ја избришат Македонија.

Во времето на општата таблоидизација, сензационализам и комерцијализација на медиумите, повеќе од две децении инсистираме на принципите на професионалното и етичкото новинарство. Бевме забранети и повикани, некои влади не беа најљубезни кон критики, но ништо не не’ спречи да ве информираме објективно на дневна основа. Затоа, сакаме да се потпреме на вас, почитувани читатели и народе! Дека е така, сведоци сме и на најрадикалниот Закон за клевета или критика на политичарите, предложен од ултимативната коалиција СДСМ-ДУИ!

Никако да излезат од сопствениот филм кој самите го креираа и реализираа, дека се фараони, монарси, дека Тие се држава! Апсолутизмот е времето на Луј 16, но овие денешните се изгубени во времето и просторот.

Од друга страна, поранешниот американски претседател Трамп недвосмислено рече: “Умните лидери секогаш се борат за доброто на својот народ и својата држава, на прво место! Иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите!“ И, додава: “Да ги сакаме сопствените нации ќе го направиме светот подобро место за сите нации!“

Исто така, Трамп со изјава веднш по превземање на функцијата претседател,  категоричен и јасен: “САД не смеат да креираат влади во други држави и да се мешаат во внатрешните работи на истите!“ Е, тоа е претседател!

Никако ваквите пораки да им се всадат во главите на политикантите во Македонија, особено во изминатите шест години, кога се случија најголемите хаварии на Македонија по нејзините национални вредности и достоинство и клиентелистичките однесувања кон “посилните“.

И покрај јасната порака на народот на локалните избори 2021, со кои побара ПРОМЕНИ и заминување од власта на ултимативната и девастирачката за Македонија и нејзините национални вредности – коалиција СДСМ-ДУИ! Тоа никако не може да се разбере, од арогантните политиканти Заев, Ахмети и администраторот Ковачевски!

Шверц комерц политика и дипломатија само и’ носат штета и самоуништување на Македонија по секоја основа! Штетни и апокалиптични договори, кои свесно ја бришат Македонија, Македонците, идентитетот, јазикот, историјата и археолошката граѓа на Македонија.

Во нормална држава, како Русија, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, за ваков апокалиптичен начин на водење политика ВЕДНАШ се знае што ги очекува овие “камиказа“ или коруптивна полититичка герила: Гванданамо или поозогласен затвор! Видовме што ги снајде министрите во владата на Хрватска… Тоа се европските вредности и стандарди, казни по заслуга за сите фатени во дело! За една ноќ фатени како “глувци“ шест ѕверки кои си играа “недопирливи“ со брзи и лепливи прсти. Кај нас такви имаме “јато на штеточини, глодари или глувци“ со лепливи прсти и корупционерски настроени во 30-те изминати години последователно…

Доколу, навистина си ја сакаме, живееме и гинеме за Македонија, независно дали сме по род или државјанство Македонци, веднаш треба да се сплотиме со опозицијата, преку лидерот на најголемата политичка партија професор д-р Христијан Мицкоски, заедно со останатите мали партии од македонскиот политички блок, а дел и од таканаречената коалиција на стаклени нозе, Демокракси Сојуз, ЛДП, ДОМ, и албанските опозициони партии, и конечно Алијанса на Албанците, БЕСА… може и АЛТЕРНАТИВА… за одржувањае на брзи парламентарни избори, заради разврска од агонијата на државата и нацијата. Народот очекува, воскликот поткрева: Поведете не’, не се трпи повеќе оваа корумпирана власт и политика!

За жал, сега Македонија не е со хибриден режим, туку претставува демократија со фалинка! Циркусијада или карикатура од режим и власт!

Не сакам да ја акцентирам најтрагикомичната ситуација – за и околу Бугарите – во која ја водат двоецот Заев-Ковачевски и  дигестивниот хирург Бујар Османи?!

Чуму ни е доктор во дипломатија? Секоја чест за неговата сручност и знаење во  професијата . Народот со став дека неговото место е со пациентите, а не со дипломатите. Да, во некоја ситуација има логика и покрај “големите“ каканици кои ги направиле заевистите и алиевците во изминатите шест години: Да се преиспита и “менталниот статус“ и “дигестивниот  тракт“…

Но, тука ќе му спомнеме на д-р Османи, како што укажува и вели народот нека ги покани претседателот на Бугарија Румен Радев и премиерот Кирил Петков на преиспитување во неговата  “нова“ приватна болница, и воедно им направи прегледи на “политичкиот дигестивен тракт“ за непримерниот апетит на присвојување на македонското национално благо, име, идентитет, јазик, историја и се македонско”, вклучувајќи и територија“

Желбите на Бугарија се бесконечни и вулгарно непримерни! Дали се прашуваат самите колку реформи и критериуми исполниле, преку ноќ да станат полноправни членки на НАТО и ЕУ?!

За некои теми, особено ако се “наметнати“ од нашиот источен сосед, грев е да се троши време, зашто да се напишат очигледните аргументи за македонската самобитност, јазик, историја, култура ќе треба да се потрошат море мастило и хартија колку небото, како во бугарската песна: небето да е книга, морето да е мастило. A, бидејќи молчењето ќе биде разбрано како одобрување, збор-два за луѓето кои не се достојни ниту буква од нивното име да им се спомене, а камоли да се крева прашина каква што кренаа кај нас “поединци“ кои на залезот од својот живот не само што откриле дека биле Бугари, туку ги учат Македонците дека до вчера биле Бугари!

Изјавата на претседателот на државата “Ако цената да влеземе во Европската Унија е да кажеме дека не сме Македонци и да кажеме дека нашиот јазик се именува некако поинаку освен Македонски јазик, не ни треба Европската Унија“, никого не може да успокои, со оглед на практиката на челниците на партијата чиј претседателски кандидат беше: … “Додека го дишам овој македонски воздух“ … продолжението на велепредавството го знаеме.

Според познавачите на приликите, вакви небулози и мизерии се случуваат секогаш кога некој си ја пика главата кај што не му ја бери. Имено, кај нас, како и на целиот Балкан, сите се големи познавачи на историјата и сите се историчари, поголеми католици од Папата. Но, ако на некои од самопрогласените историчари (интелектуалци, новинари, експерти, аналитичари) незнаењето на историјата, особено на својата, може да им се прости, тоа никако не може да им се прости на нашите политичари, зашто “историјата е учителка на животот“, од која треба да научат како се создавале и пропаѓале државите, да знаат како да ја зачуваат својата држава што им ја оставиле предците, а не да ја распродаваат.

За жал, тие не само што се историски неписмени (не ги знаат методите на историската наука) туку и ги пренебрегнуваат сознанијата на историската наука, како и професионалните историчари, користејќи ги услугите само на оние историчари што се ставаат во служба за оправдување на нивните поставени цели. А, колку историската методологија е лизгав терен, дури и за историчарите, се гледа од бугарското објаснување за некаков регионален македонски идентитет со примери на доселеници Далматинци во Америка од крајот на 19 век. Притоа се заборава дека Далмација била политички ентитет и како таква била дел на т.н. троедна “Краство Хрватска, Славонија и Далмација“ во рамките на Австро-Унгарија до 1918 година, та според тоа се изјаснувале. Македонците кои не биле државјани на тогашната Бугарска држава, не се изјаснувале како македонски Бугари што останале надвор од “татковината“, туку како Македонци, што јасно ја покажува нивната национална свест! Според оваа шуплива “логика“, Хрватите, Словенците, Србите, Македонците и другите народи додека беа во рамките на Југославија би биле регионални ентитети, а како нации треба да се признаат од нејзиното распаѓање?!

 

Уверувањата од страна на нашите политичари задолжени за европска и за надворешна политика дека бугарското барање за дефинирање и преименување на Македонскиот јазик немало да помине, бидејќи не било во духот на европската демократија, може да ги голтнат само наивните.

Имено и грчките барања за името на државата и историјата беа спротивни на сите демократски начела и меѓународни правни норми, но постепено, додека нашите политичари спиеја, беа прифатени, одобрени, фалени и на крајот наметнати од белосветските “демократи“, а од домашните послушници спроведени, спротивно на јасната волја на народот!

Тврдењето, пак, на бугарскиот премиер дека “… неговата земја не забранува да го користиме јазикот којшто го сакаме“, најблаго речено, е смешно, зашто не е јасно како може на еден народ да му се забрани такво нешто, освен ако не биде окупиран!

Имено, има теми за кои не може да се расправа, а камоли да се преговара – комисиски. Тоа е исто како две комисии да треба да се усогласат дали сонцето и топката се тркалезни или не?! Несфатливо, смешно, будалесто, зарем не? Идентитетот е сонце! А за сонцето-идентитет, господа политичари и историчари, не се преговара!

Македонците биле се и ќе останат Македонци за секогаш!

Претходно се обратив со отворено писмо до новоизбраниот премиер на Бугарија Петков да не “лета во авионот“ со кој пилотира рускиот пилот  Румен Радев, но по се изгледа и Петков е со истата мантра: Македонците не постојат, ниту Македонскиот народ, ниту македонската историја, се’ е бугарско!

Ако “курсаџијата” на Харвард како го нарекуваат опозиционерите, во истите манири и гестикулации се однесува со неговиот колега Петков, односно copy-paste гушкањата и бакнувањета Заев-Борисов и тоа пред споменикот на царот Самоил во бугарската столица Софија, каде оди Македонија?! Народот вели: “Потсетува на  владата  Цветковиќ-Мачек…?!“

 

Но, не се сите исти, харвардскиот студент беше ставен во ќош кога седна на “жешкото столче“ на британскиот новинар Стивен Сакур од ББС во емисијата “Тешки муабети“.

 

Според Петков “Историските прашања не се единствениот проблем меѓу Софија и Скопје, има и други проблеми кои треба да се решаваат. Така на пример, Бугарите во Македонија се уште немаат право на правна заштита…“ Но, остана без одговор и објаснување на забелешката од водителот на емисијата “Хардток“ дека и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. “Извинете, но немаат ни етничките Македонци во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Аргументите се слаби. Тука се наоѓате на лизгав терен“, – забележа британскиот новинар Стивен Сакур.

 

Сепак, Петков не одговори на оваа забелешка и продолжи да зборува дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски се согласиле оти “Бугарите во Македонија треба да ги имаат истите законски права како сите останати народи кои живеат таму, но прашање е како да се стигне дотаму“.

“Со премиерот на С…..а Македонија целосно се согласивме дека Бугарите би требало да ги имаат истите законски права како и сите Македонци и други народи, како Албанците. Добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се согласи“, кажа Петков.

Кој им’ дава за право на Ковачевски и Османи, најкомотно и најлефтерно да им угодат на Бугарите, се’ што ќе посакаат? Османи, за потсетување, со задоволство, директно на Радев му предложил да се вметнат во Уставот на Македонија Бугарите, како да е негова лична “прчија“ Македонија или е “мени“ на некоја кебапчилница, па по предлог за добро јадење да биде и специјалитетот: “Бугари во македонски Устав“, или од друга страна од устата на Ковачевски како “пена“ му се повторува зборовите “европски вредности“.

Ете да го потсетиме Ковачевски, европски вредности и македонски вредности. Во 70-стетите години во Македонија жителите од африканските земји беа прифатени со сто проценти почит и срдачност да студираат, завршуваат студии на медицинскиот фалултет, архитектура и други науки, а во Европа во тие 70-сети беа ставени во “кафези“ како колонизирана маса.

И за потсетување, ќе се послужам со еден извод од една колумна на прогонетиот премиер Груевски, за некого бегалецот Груевски, кој сепак не го сменил името на Македонија и се последователно… Тој вели: “Против заборавот … Ќе ги потсети некој Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и Македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки? И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото! Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, туку со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и многу други, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот. Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме!“

 

Да бидеме јасни, а досега милион пати кажано: Никој не е анти ЕУ, но со достоинство треба да се преобразиме кон доброто! Пред се реформи во државата, по секој основ, најнапред во менталниот чип, потоа во правото согласно европското законодавство, борба против корупцијата, неказнивост, департизација на судството и сите јавни институции, како и  независност во медиумите, човековите права… Како што веќе јасно е кажано, на самитот кај Бриони, до 2030 година нема шанса земјите од западен Балкан да станат дел од европското семејство, и што тука не е јасно.

Самите челници, на Европската комисија јасно и гласно порачува ат дека наметнатиот спор Софија-Скопје е билатерален, иако Бугарија упорно и “тврдоглаво“ го наметнува, да стане мултилатерален спор, исто како што се случи 2008 година, наметнатиот грчко-македонски спор доби статус на мултилатерален спор, со што се роди  “вториот езерски договор – Преспанскиот“. Е, затоа “волкот“ во јагнешка кожа Петков и пилотот Радев инсистираат “бриселски гаранции“!

 

Сето оваа не смее да се заборави и воедно да стане “свето правило“ за сите политички партии и политичари, своевиден политички компас, како да се движат политиките на Македонија кон дома, ЕУ и светот, а не да се “натоварат како бродови“ и да заминат во крив правец, оставајќи ја Македонија во големи долгови и безислез!

 

Не може, а и не смее да се изостави “алармот“ кој во минута до 12 го упати највлијателната куќа на науката и уметноста МАНУ, која со децении беше во една дисонантна или инертна состојба во делот на “ехото“ и предупредувањата за се што и се случува и се октроира на Македонија од страна на некои “центри на моќ“, во реализација на докажани кукли марионети за нејзиното разнебитување. Дека е тоа така, потврди и академик д-р Љупчо Коцаре, на Годишното собрание на МАНУ.

 

Тој потенцираше дека македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците во земјава, но и Македонците во соседството и во светот. Според Коцарев “сите документи што не се конзистентни со таквите премиси на македонизмот, а такви се Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија“. Сето ова, претставува своевидна пресвртница или откровение на “конзервираниот нерв“ за македонизмот и Македонија со сите нејзини национални вредности кои некои со децении свесно, токму од овој храм на културата науката и уметноста на македонската национална ризница, го ставиле ad acta,или во фиока за остварување на замислените “сценарија“ или проекти за исчезнување на вистината и фактот за Македонија и македонската приказна, само за лични интереси или амбиции.

Дека е тоа така потврдува и потпретседател на меѓународен ПЕН академик д-р Катица Ќулавкова. Според Ќулафкова, дел од вината за ултиматумите кои ги добива земјава во интегративните процеси ги лоцира и во индиферентноста на МАНУ.

 

Затоа, редно е и во храмот на науката и уметноста се случат промени, односно реформи, или нови имиња, на експерти, доктори на науки кои со своите дела високо ја вивнаа Македонија, ширум светот, во делот на, медицината, кардиохирургијата, економијата, историјата, архитектурата и многу други науки. МАНУ, пред се треба да биде светилник на македонскиот ум, разум со  достоинсвени вредности.

Светот,се менува, се менува и новата, безбедносна  и политичка архитектура на Европа, за која заговараше и поранешниот брирански премиер Давид Камерун уште 2005 година.

Државите кои живеат  сеуште за, некакви соништа на престижното, да се подзамислат оти, националните вредности не можат да се стават на,, руски рулет,, и со нив да се тргува

Еднаш загубено, засекогаш избришано!

Затоа, треба веднаш единство и предвремени брзи избори, по секоја цена партиите да станат единствени и сплотени во една партија, а таа партија се вика Македонија! Без единство, засекогаш ќе се избришат Македонија, идентитетот, јазикот и историјата Македонски…

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...