31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветБајден: Путин нема поим што го чека, следно ќе го затвориме нашето...

Бајден: Путин нема поим што го чека, следно ќе го затвориме нашето небото за руските авиони!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на САД Џо Бајден својот говор за состојбата на нацијата синоќа го започна со остра осуда на рускиот претседател Владимр Путин за неговата воена агресија во Украина и се закани дека ќе го заплени „нечесно“ стекнатото богатство на руските олигарси.

<

Демократијата и слободниот свет ќе победат над тиранијата, порача тој

-Путин го наруши слободниот свет, мислеше дека ќе влезе во Украина и светот ќе се оттргне. Наместо тоа тој удри во цврст ѕид. Тој се соочи со украинскиот народ, изјави Бајден,

-Путин греши, ние сме подготвени и направивме коалиција, и заедно со ЕУ, Велика Британија и други земји како Јапонија, Австралија, Нов Зеланд па и Швајцарија, воведовме жестоки санкции за да го отсечеме од неговиот воен буџет.

Бајден се обрати и до руските корумпирани олигарси со порака „ќе го најдеме вашето нечесно стекнато богатство“.

Истакна дека Министертвото за правда на САД оформи работна група која ќе ги истражува криминалите на руските олигарси.

-Заедно со нашите европски сојузници да ги најдеме и заплениме нивните јахти, луксузни станови, нивните приватни авиони. Но, исто така и го затвораме нашето небо за руските авиони, рече тој.

– Путин сега е поизолиран од кога и да е од остатокот од светот, бидејќи во борбата против автократијата, демократиите се здружуваат, рече Бајден, најавувајќи забрана на воздушниот простор на САД за руските авиони, како што направија Европската унија и Канада.

– Најавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и додавајќи дополнителен притисок врз нивната економија, рече Бајден.

Изјави дека САД и сојузниците од НАТО ќе ја бранат секој педа од својата територија во Европа.

-Заедно со нашите сојузници обезбедуваме поддршка за Украинците во нивната борба за слобода. Воена, економска и хуманитарна помош. Ќе продолжиме со помагањето на украинскиот народ во нивната одбрана на земјата и да се намали нивното страдање, кажа Бајден.

-Во историјата ќе пишува дека војната на Путин против Украина ја направи Русија послаба а светот посилен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...