28.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаБислимоски: Без паника гориво има доволно, нема да дозволам воено профитерство на...

Бислимоски: Без паника гориво има доволно, нема да дозволам воено профитерство на бензинските пумпи !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека граѓаните не треба да се грижат, дека нафта во Македонија има и дека нема да биде дозволено воено профитерство.

<

„Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од нив ја користат состојбата и за ‘воено- профитерство’. Дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата и ја користат состојбата за профитерство оставајќи впечаток дека нема гориво. Во текот на денешниот ден, добивме укажувања од поголем број на потрошувачи кои посочуваат дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите. Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите“, вели Бислимоски.

За состојбата, РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. „Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија“, додаде Бислимоски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, откако беше објавено дека во некои градови се чекало во колони за да се наточи гориво, истакна дека нема простор за паника, дека има нафта и бензин.

Според Бектеши, ова е вештачки создадена ситуација.

-Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши во гостувањето на ТВ Сител.

Бектеши додава дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.

Телма пренесува дека возачите во Штип чекале од 10 до 30 минути за да дојдат до пумпата за да наточат гориво. Луѓето рекле дека на Фејсбук прочитале дека цената на бензинот драстично ќе скокне. Ваквата информација засега е класифицирана како лажна, ниту една институција или компанија има најавено или раширено вест дека нафтените деривати ќе скокнат или дека ќе снема залихи во складиштата.

Откако денеска во Штип се создадоа колоните од возила пред бензинските пумпи забрането е точење на нафтени деривати во туби, пред се за да не се складира и загрози безбедноста на граѓаните, пишува “Телма”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...