15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниПОКАЈАНИЕ ГРЕШНИМ...!

ПОКАЈАНИЕ ГРЕШНИМ…!

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Во Стариот Завет за покајание е употребен хебрејскиот збор “шуб“, што значи “свртување назад“ (во спротивен правец). Во Новиот Завет за покајание е употребен старогрчкиот збор “метаное“, што значи “промена на умот“.
Во Библијата, умот се однесува на центарот на твоите мисли, емоции, волја – твојата срж, срце, внатрешниот човек. Покајанието не претставува обична интелектуална промена на умот, или пак, обично жалење или грижа на совест, што не произведува промена (Лк. 3:8-14; Дела 26:20). Јован Крстител зборувал за покајанието како радикално свртување од гревот, што неизбежно произведува праведни плодови.
И во едното и во другото станува збор за промена на умот и навиките, односно промена на грешките кои катадневно ги правиме кон самите себеси и кон другите.

Конечно, повторно започна месецот на “ксантика“ месецот на простување на гревовите, а тие се најтешкиот “фоклор“ од нашата ментална матрица кои ги произведуваме 24/7, со знаење и незнаење, со збор, дело, мисла или помисла. Да сториш грев, ќе рече Свети Јован Златоуст, е “човечки“. Но, уште похристијански е да побараш прошка! Да живееш со грев, и да бидеш во грев роден, тоа е бреме, тежина над сите тежини. А, колку е тоа добро за секој од нас?

Народот и денес духовно се прочистува со молитва и причест по црквите и манастирите, пред иконите и фреските изградени за таа цел: Прошка пред себеси и пред Бога! Тоа е идентитетот на Македонскиот народ!
Во милениумите на Македонската Држава и Империја имало промени во власта, но не и во битието и моралот. Како да се дојде до морална власт со здрав дух и чесност, казнивост за стореното, покајание за грешното и отстапување или заминување од власта со доза на извинување или покајание и враќање на се’ што е уништено, украдено или “предадено“ национално добро, благо или светост?

Дали станува збор за утопија или “пусти желби“ за обичниот наивен и лесно манипулативен Македонски народ во овие 30-тина години, кој постојано го владеат политиканти и криминалци?
Дали, во изминатите 30 години, барем и еден од власта се извини за башибозукот и изрази желба да ги врати украдените пари? Се разбира, има и такви кои за спас на валканиот задник и арамилакот признават вина за условни казни.

Која е таа сила која им дава моќ на некои, да се збогатат, забегат, предавство да се сторат и преку ноќ да станат недопирливи и недостижни за народот, верата и татковината, товарејќи се со милиони евра?

Месецов е марта, или ксанта, која штотуку почна, месец на простување и каење и покајување, таман за прочка или празникот на простувањето и покајанието, нас грешните, кои и да сме, како и да се викаме. Човек останува без коментар.

Прашањето не е дали воопшто ќе бидеме дел од ветената Европска Унија? Со ваква хипокризија и партии, прашање е дали ЕУ е вистинската опција за Македонија? Кој во клин кој во плоча, вели народот и додава: Кај се чуло и видело, претседателот на Собранието ги менува членовите на комисиите во парламентот по мерак? Еве, пратеникот Зендели од партијата Беса е разрешен да се одблокира изборот на партиските уставни судии на Македонија. И веднаш, изборот на уставен судија како награда за “клиентелистичките дела“ кон коалицијата СДСМ-ДУИ, рамно на суспензија на уставниот поредок, на правата и слободите на граѓаните, поради злосторничкото здружение на Уставниот суд и марионетската влада.

Една од точките на дневен ред за кои Уставниот суд почна да решава е иницијативата на Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес и група интелектуалци за поништување на Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија на кобниот 27 април 2017 година, извршен со пуч врз парламетнарната демократија! И, има ли крај башибозукот во Уставниот суд кој стана антипод на демократијата?

Ајде повторно до покајанието и согрешенијата. Како гром од ведро небо деновиве прозвучи изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој на една скопска телевизија, на “карајот од денот“, рече дека за и околу настаните Русија-Украина, знаел уште на 5 ноември 2021?
Дали е ова сепак, покајание грешним за Стево Пендаровски?

Како излез од оваа булумента, народот бара итни парламентарни избори за спас на државата, за спас на Македонија од понор и катастрофи.
Да биде уште потрагикомично, а за потсетување веќе видено, повторно нашиот северен сосед Србија, понуди и ќе удоволи увоз на 50 илјади тони пченица и 20 илјади тони пченка од своите резерви за потребите на Македонија. Претходно, аналитичарите со оценка:„ и покрај далаверите на владата на Заев околу можноста во сета мака да инкасираат провизии од неколку милиони евра преку фантом компании од Сингапур за обезбедување на вакцини за македонските граѓани, Александар Вучиќ донесе вакцини против корона во Македонија. “ Не беа премногу, но влејаа надеж. Парадоксот да биде бурелска, владата одрекува дека побарала помош од Вучиќ за набавка на основните житни култури – пченицата и пченката. Се поставува дилемата, дали конечно Пендаровски се одлепува тотално од оваа штетна и девастирачка ултимативна коалиција СДСМ-ДУИ?!

Но, останува и уште една енигма, зошто претседателот Пендаровски ја суспендира важноста и одлуката на пратениците во македонскиот парламент околу заминувањето на Фрчковски за амбасадор во Обединетите Нации во Њујорк на САД или и тој добил директива од центрите на моќ да го стори истото, познавајќи го Фрчковски колку клиентелистички, спротивно на интересите на Македонците и Македонија реализирал штетни договори?

Проследивме деновиве и вест дека синот на Зоран Заев, регистрирал компанија за продажба на електрична енергија, во стилот на Рашковски и имотот на неговите деца, од роденденски подароци…?!
Кајмакот повторно ќе се цеди од Македонскиот народ. Таткото на амбициозниот син ќе отварал Фондација за поддршка на Македонија. Со чии пари ќе се отвара оваа фондација? Од Сорос или од фамилијата Заеви?

За крај, дали со вакви гротески и бурлески, со градење цркви и манастири, ќе се исперат гревовите, или злоделата врз народот Македонски?

И покрај се и после се, народот е гладен за промени, за итни и безусловни вонредни парламентарни избори, затоа што некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не можат да се лажат цело време! Народот веќе виде се’!

Време е за демократските избори, време е за покајание грешним….!

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...