16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСкандал: Од градинка во Велес украдено целото масло и шеќер.

Скандал: Од градинка во Велес украдено целото масло и шеќер.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утрово кога вработените во 5,30 часот стигнале во Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес, клон 6 Ѕвончица откриле дека е извршена кражба на храната, која ја имаат складирано во магацинскиот простор. Тој бил буквално испразнет оти крадците не оставиле ниту трошка храна. Веста за кражбата ја потврдија и портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев и директорката на Детската градинка Димче Мирчев“ Маја Велиновска.

<

„Украдена е храната од централната кујна со која се снабдуваат сите шест клона во Велес. Итно ги набавивме сите потребни артикли за денешниот ручек и децата не почувствуваа дека е извршена кражба. Поради вршење на увид од страна на полицијата, децата претпладнето беа префрлени да се згрижат во други клонови“, кажа директорката Велиновска.

Во магацинот во текот на денот се врши вонреден попис, за да се утврди што сè е украдено. Но сигурно е дека биле украдени околу 100 кг масло за јадење, 100 кг брашно, шеќер, сол, ориз, грав, кашкавал, сирење. Од вецето биле украдени неколку славини за вода.

Дека крадците работеле сериозно, зборува и тоа што пред да ја извршат кражбата го онеспособиле видеосистемот од објектот, а ја украле и количката за дистрибуција на роба, за да не ја пренесуваат украдената стока сами на раце.

П. ПЕЧКОВ Сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...