4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниЕУ нема оправдание за одложување членство за земјите од Западен Балкан!

ЕУ нема оправдание за одложување членство за земјите од Западен Балкан!

Пишува: м-р Слободан ТомиЌ- новинар

После се’ и покрај се’, Европската Унија конечно мора попрецизно да ја дефинира својата политика за проширување со Западен Балкан и да ги идентификува временските рамки. Засега Западен Балкан останува енигма за Брисел, иако и’ припаѓа на Европа! Европската Унија треба да се откаже од употребата на флоскули за европската перпектива и дека Западен Балкан и припаѓа на Европа, бидејќи тие не значат ништо за државите од Западен Балкан и нивните граѓани, а не ги намалуваат туку ги зголемуваат постоечките неизвесности.Недореченоста на Брисел ги зголемуваат постоечките неизвесности на Западен Балкан.

Постои уверување дека благодарение на ефектите од украинската криза, ЕУ може да ја поправи својата грешка со брзо членство на преостанатите земји од Западен Балкан (Македонија,Србија,Албанија, Албанија,Босна и Херцегоина и Црна Гора), во полноправно членство, како што инаку се суди со се` во спротивно регионот ќе потпадне под силно влијание на Русија, Кина и Турција, што може да доведе до големи геополитички промени.

Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ сега е поважна од било кога досега. Некои сектори на државите од Западен Балкан функционираат подобро и постигнуваат позабележителни резултати од Бугарија и Романија и покрај нивното членство во Европската Унија.

Во 2004 година, Европската Унија ја прими во членство половина држава Кипар (грчкиот дел од островот). Затоа, ЕУ нема оправдание за одложување членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Во официјален Брисел, Србија се’ уште е соочена со матрицата која одамна и’ беше воспоставена. Поточно, од време на режимот на Слободан Милошевиќ.

“Отворен Балкан“ е регионална иницијатива за XXI век! Ќе придонесе за хомогенизација на европскиот простор и ќе обезбеди практично спроведување на европските слободи, движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Иницијативата ќе ги направи бесмислени балкански национализми и ќе ја зајакне ЕУ, која засега е немоќна пред притисоците на Русија, Кина и Турција.

Понатаму, ЕУ не се соочува со популистите кои соработуваат со силите чија единствена цел е уништување на европското единство.

Дел од факторите во Европа и светот се спротивставуваат на иницијативата “Отворен Балкан“, бидејќи во нивен интерес е Балканот трајно да остане нестабилна област без соседско помирување и соработка, вистинска европеизација, долгорочен економски напредок, стабилност, мир, добри перспективи за младите и образовани луѓе кои на крајот би резултирале со интеграција на сите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа ќе доведе до просперитет на сите земји во регионот по речиси 30 години спорови, тензии, конфликти и ограничувања.

Искуствата на земјите од Вишеградската група кои зборуваа со еден глас во процесот на прием во ЕУ се важни за иницијативата “Отворен Балкан“, бидејќи поединечно делување резултира со осамени гласови кои не резонираат доволно силно во процесот на интеграција во Заедницата од 450 милиони граѓани.

Сегашната криза не треба да се сфати само како опасност и закана, туку и како шанса за развој и унапредување на меѓусебните односи, како и репозиционирање во меѓународните односи на најдобар можен начин.

За Македонија е нејважно да ги елиминира идентитетските анулирања од соседните метрополи Софија и Атина кои го негираат името на државата Македонија и идентитетот – јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ!

Овие рецидиви од Балканските војни 1912-1913 година мора да се надминат, доколку сакаме светла иднина за сите.

Македонија не смее да се репризира како јаболко на раздорот, туку како фактор на мирот и стабилноста на Балканот!

Се разбира, постои свеста кај Македонците, дека Републиката Македонија не може да ја супституира Империјата Македонија од пред две илијади години.

Кај Македонците постои разбирањето дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјат од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помѓеу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Македонија мора да склучи договори за траен мир и добрососедство со соседните држави, Македонскиот народ мора да декларира историско помирување со соседните народи!

Во мултиполарниот свет, во кој американскиот унилатерализм и европскиот центризам стануваат трајно минато свршенои време, Македонија мора да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: меѓусебно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитрет во меѓусебните односи!

Постои волја и вера, срце и душа кај македонските државјани овие визии да станат реалност, затоа што само единствени и обединети ќе ги совладаме големите бранови во „светското море“ кое доживува тектонски поместувања!

На сите мора да ни биде јасно, дека со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател, со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не снема!

И, секако, како и за сите, така и за нас: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...