16.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаKoвачевски: Ако ги зголемиме платите ќе порасне инфлацијата

Koвачевски: Ако ги зголемиме платите ќе порасне инфлацијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.

<

Тој дополни дека се прават консултации и калкулации во Министерството за образование и наука и во Министерството за финансии за да се видат можности што буџетот може да го поддржи во оваа кризна година.

Јас сметам дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде. Гледате дека и во најголема криза ја покачивме минималната плата и ги зголемивме пензиите коишто се плаќаат пред време, нагласи премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека во овој случај, одговорноста не е само во едноставно зголемување на платите, и дека постои можност за дополнителен инфлаторен притисок.

Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн.“.

„Сите работници, особено вработените во образованието заслужуваат поголеми плати затоа што образовниот сектор е тој кој што го креира човечкиот капитал кој што го имаме во државата а кој што гледаме дека ни се намалува. Наша обврска, како одговорни луѓе, да ги зголемуваме платите и тоа да го постигнуваме низ економско-социјален дијалог, со решенија кои Буџетот одржливо ќе ги сервисира“, посочи претседателот на Владата Ковачевски во емисија на ТВ Алсат-М.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...