4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаВерниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост.

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост.

spot_img

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост,што трае 30 дена и завршува на 1 мај.
За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

<

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

– Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени”. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.”О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...