24.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонија(Видео) Автобус во Скопје остави на улица лице со посебни потреби- Од...

(Видео) Автобус во Скопје остави на улица лице со посебни потреби- Од ЈСП велат шоферот ќе биде избркан од работа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е еден од проблемите со кои често се соочува Еркан, лице со посебни потреби.

<

„Се чувствував лошо, нехумано е автобусот да не застанува на станица иако те видел. Ме виде како стојам на станицата, плус децата му рекоа да ја отвори рампата за да се качам, вели Еркан Ќахили.

Со истиот проблем и денеска се соочи Еркан.

-Може ли рампата?

Екипата на ТВ21 го придружуваше момчето до автобуската станица.

Двокатен автобус дојде на неговата станица, сите се качија освен Еркан, бидејќи не се приспособени за лица со пречки во движењето.

Еркан долго чекаше да пристигне еден од новите автобуси, единствени кои ги нудат овие услови.

Но, кога дојде повторно имаше неволја.

На возачот му рековме да ја спушти рампата, но граѓаните беа тие што помогнаа.

На крајот возачот дојде само да ја затвори рампата.

Ваква дискриминација не се случува првпат во јавниот превоз, вели Еркан. Но, со овие видеа сака да ја подигне свеста кај другите лица со посебни потреби, кои токму поради овие бариери се изолирани дома.

„Не е прв пат, но прв пат снимав за да имам доказ дека тоа навистина се случува затоа што го имам презентирано неколку пати, но нема ефект, вели Ќахили.

Лицата со посебни физички потреби се соочуваат со многу тешкотии, почнувајќи од школувањето, кое во најголем број случаи не ги обезбедува потребните услови, пристап до институции, потоа кафулиња и немање соодветни тоалети за нив. Министерот за труд и социјална политика ветува подобрување на условите, но не кажа ништо конкретно како ќе го направи истото.

Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека не ги дискриминирани лицата од оваа категорија и дека возачите кои нема да им помогнат ќе бидат санкционирани.

„Рампи има на сите автобуси, поточно кинескиот „Јутонг“, кои работат на систем НА електроника, а во украинските „Лаз“ и МАН се мануелни.
Во дел од кинеските возила рампите не се функционални, во фаза се на сервисирање. Станува збор за доста осетлив електронски систем за управување, велат од ЈСП.

Еркан вели дека има и добри возачи, кои го поздравуваат и му подаваат рака секогаш кога ќе го видат, ги повикува и другите да бидат повнимателни, бидејќи како што вели, секој може да се најде во таква ситуација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...