13.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија нема да ни даде масло за јадење !!!

Србија нема да ни даде масло за јадење !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И покрај завчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло.

<

Во соопштението што го објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на седницата, се споменуваат само меркантилна пченица и меркантилна пченка.
На седницата беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агри -прехранбени производи.

Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот, се вели во соопштението.

Македонските производители на масло за јадење кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија.

Директорот на фабриката „Витаминка“, во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“, Симон Наумовски, вели дека се во вистинска паника.

Искрено кажано, во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово масло затоа што српската влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нам ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство, со капацитет што е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.

Во Србија, пак, ги намалија површините засеани со други земјоделски производи за сметка на сончогледот.

Се проценува дека засеаните површини под сончоглед во Украина би можеле да паднат во 2022 година на најниско ниво во последните 13 години, на околу 4,2 милиони до 4,4 милиони хектари, или 35 отсто во споредба со нивото од 2021 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Долготраен притисок и закани Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва...

„Мојот татко ни се заканува дека ќе нè убие“: Прво интервју на внукот на Зоки Фаци

Хајп.мк“ ексклузивно разговараше со Дарко Митровиќ, внукот на Зоки, кој ја сподели болната вистина. „На први мај добиваме телефонски закани, закани по живот, за жал...