3.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Сакал Неќел, Еден ден Груевски ќе мора да се врати во...

Ковачевски: Сакал Неќел, Еден ден Груевски ќе мора да се врати во Северна Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива.

<

Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Северна Македонија и во регионот, истакнува за „Ди Пресе“ Ковачевски.

Вели дека Република Северна Македонија во целост ја спроведува одлуката на Советот на Европа за забраната за емитување на руските медиуми „Спутник“ и „РТ“, како што неодамна направија и САД, Велика Британија и други земји.

– Северна Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ. За прв пат воведовме санкции кон Русија, почнувајќи со оние од 2014 година, посочува Ковачевски.

Премиерот се осврна и на судскиот систем во земјава, кој, како што вели, е ослободен од политичко влијание.

– Нашиот судски систем е ослободен од политичко влијание, истакнува во интервјуто за „Ди Пресе“, Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со азилот во Унгарија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е правосилно осуден во нашата земја.

Ковачевски посочува дека Груевски е осуден, а против него се водат и други постапки.

– Прашањето за политичкиот азил во Унгарија им се упатува на унгарските политичари, не мене. Еден ден тој ќе мора да се врати и да се соочи со својата казна, додава Ковачевски за австрискиот весник.

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....