23.9 C
Ohrid
четврток, јуни 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСела: Бугарија да го признае македонското малцинство

Села: Бугарија да го признае македонското малцинство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинството обострано, во Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието.

<

Во поглед на проблемот кој постои меѓу Македонија и Бугарија, Села смета дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ.

-Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис.
Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села.

Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење.

На новинарско прашање околу штрајкот на просветните работници, Села рече дека ова не би се случило доколку беше прифатен амандманот на Алијансата за Албанците за раст за минималната плата, за линерен раст на платите во сите сектори.

-Мене ми изгледа апсурдно и лицемерно од страна на Владата што сега одигруваат улога на жртва бидејќи СОНК не ја прифатила понудата од 2.500 денари пораст на платите, додека Владата во времето кога се зголемуваше минималната плата, еднострано, бескрупулозно го отфрли амандманот на Алијансата за Албанците со кој се предвидуваше линеарно зголемување на платите и на наставниците, на администрацијата и на сите други вработени, рече Села.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...

Скопјанецот ја тепал својата 4 годишна ќерка бидејќи се качила на креветот за да ги земе играчките !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против...