26.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСтевчо Јакимовски ги учи дечињата од градинка како се црта Зграда !!!

Стевчо Јакимовски ги учи дечињата од градинка како се црта Зграда !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за време на денешната посета на градинка во населбата, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, реши да им се придружи на дечињата, кои цртаа со дрвени боички.

<

За ова извести Општина Карпош на социјалните мрежи, а на една од фотографиите се гледа и што им нацртал градоначалникот на децата – голема зграда со многу прозори и посебно нагласен покрив.

Изборот за темата за ликовно изразување на Јакимовски наиде на иронични реакции на социјалните мрежи, со оглед на тоа што токму актуелниот градоначалник, во неговиот претходен мандат беше обвинуван за безмилосна „бетонизација“ на населбата со издавање стотици дозволи за градба на згради.

„Што ти е потсвест, седнал Стефчо со дечиња во градинка. Дечињата ја цртаат планетата Земја, а Стефчо црта згради, ЗГРАДИ…“, се вели во една од реакциите на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го фатиле како краде краде лубеници, па со Роцангла го претепале до смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...