26.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаКире не дочека да се израдува на својата рожба бидејќи загина за...

Кире не дочека да се израдува на својата рожба бидејќи загина за Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кире Костадиновски (Горно Оризари, Битолско, 6 декември 1976 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

<

Не дочека да ја види и да и се израдува на својата рожба. Во полициска униформа замина Кире од населбата Горно Оризари и од Битола, таму на Шар Планина, каде што беснееја терористичките банди. На 28 април 2001, во попладнедневните часови со групата бранители и Кире тргна на патот кон селата Вејце и Селце. Заседата беше стравична, масакрот и дивјаштвото кое можеби никаде и никогаш на светот и веков не се случило, беше кобната судбина на младоста македонска.

Раните печеа од терористичките ками и истрели и во тој непребол насилно во дивината на Шар Планина бранителите секој во сопствената мака ја испуштаа последната издишка. Масакрот кој и зошто го направи сè уште е енигма која трае. Синот, татковото посмртче е утехата и богатството на сопругата, кои веруваат дека сепак ќе ја дознаат вистината за Кире.

Во масакрот кај Вејце, Кире бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил сè уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглероден моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека сè уште давал знаци на живот.

Кире Костадиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Кој сака нека речи, вакви деца во Македонија нема мајка пак да роди. Вечна Ви слава херои.
Дел фотографии од приватната колекција од неговата сопруга Соња Костадиновска.

Извор:БабамБитола

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...