1.9 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаРаботници нема ни се лек: Угостителите сакаат да донесат 5.000 келнери од...

Работници нема ни се лек: Угостителите сакаат да донесат 5.000 келнери од Турција.

spot_img

Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани, само со лични карти и евидентирање без многу формалности – порача Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.

<

Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20.000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50-60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.

Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20.000 работници. Ние обезбедивме 5.000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји – изјави претседателот на ТУК, Аркан Керим.

Тој оценува дека со турските работници, нашиот туристичко-угостителски сектор ќе го подигне и стандардот на услугите.

Нашите плати се тие. Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2.000 евра не можеме да си дозволиме – нагласи Керим.

Тој додаде дека земјава не е примамлива за работници од Србија или Албанија. И тие најчесто работат или на Јадранско приморје или во Грција.

Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ТУК, изјави дека иницијативата Отворен Балкан може да даде резултати ако условите кои важат во Србија, се применат и кај нас.

Од 1 јули до 30 септември да нема визи за туристите од Кина, Азербејџан, Казахстан и Катар, да се направат и билатерални договори со Турција за влез со лични карти – истакна Керим.

Тој најави дека ТУК ќе аплицира во европските фондови за фотоволтаици, а целта е нивно поставување во најскоро време на 100-150 угостителски објекти.

Керим на прес-конференцијата го повтори барањето да се формира министерство за туризам, а секторот да се одвои од сферата на економијата и да стане составен дел на културата.

ТУК во октомври или ноември ќе организира промоција на првите почесни амбасадори за македонскиот туризам, а првичните имиња се Петар Грашо во Хрватска и Слобода Мичаловиќ во Србија.

извор: Република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата.

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште...

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...

Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера...