19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМуслиманите го слават Рамазан Бајрам- Рамазан е месец на добрината, љубовта...

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам- Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.

По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава.

По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

-Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме, вели реисот Шаќир Фетаи.

Жедта и гладот за време на постот, како што се наведува, ја зајакнаа нашата грижа за човекот, така што ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.

-Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето, нагласува Фетаи.

Според него, најголем предизвик денес е војната.

– Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, посочува реисот Фетаи.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...