27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветВојничката јакна на Зеленски продадена за 90.000 фунти

Војничката јакна на Зеленски продадена за 90.000 фунти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Британската аукциска куќа „Кристис“ ја продаде познатата зелена јакна на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон за 90.000 фунти, пишуваат медиумите во светот.

<

Додека Украина се бори против многу поголема воена сила и ресурси со кои таа располага, се одржуваат аукции за собирање помош за Киев, објави британски „Мирор“.

Аукциската куќа „Кристис“ учествува во меѓународна програма чија цел е да се подигне помошта за Украина до еден милион фунти.

Британскиот премиер Борис Џонсон успеа да го поттикне наддавањето на веќе познатата војничка јакна на Зеленски, нарекувајќи ја почетната цена од 50.000 фунти „смешна“.

Тој ги повика учесниците на аукцијата да учествуваат во тоа дека големата античка европска престолнина Киев никогаш повеќе не може да биде загрозена и Украина повторно да биде цела и слободна.

Зеленски, кој ја донираше јакната на аукција во февруари, по почетокот на руската инвазија, се обрати во видео пред почетокот на натпреварот во рамките на хуманитарниот собир „Храбра Украина“ и зборуваше за „храбриот Борис“ кој дошол да го посети во Киев, пренесуваат агенциите.

Меѓу предметите понудени на аукцијата бил и керамички бокал во форма на петел, кој Зеленски му го подарил на Џонсон за време на неговата посета на украинската престолнина на 9 април.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...