26.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, работиме за граѓаните

СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, работиме за граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

zoom вести македонија
ВЕСТИМАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА
СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, работиме за граѓаните
May 13, 2022 во 9:11 14

<

Два дена им беа доволни на граѓаните да видат дека не успеа блокадата на Собранието, велат од СДСМ.

Владејачката партија вели дека пропаднаа обидите за деструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ништо не се постигна, освен што се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред.

-Два дена се потрошија на бесмислени предлози, но сепак дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа.

Таков е Законот за Финансиска стабилност во кој се прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и прифатено е нивното барање истиот да се разгледува во погорните точки на дневен ред, но и за нивниот прифатлив предлог гласаа против дневниот ред.

Гласаа против и за Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, затоа што нивните заложби се декларативни.

Тоа е дефиниција за лицемерие, а лицимерие е второто име на ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде фукционално и да носи решенија во интерес на граѓаните.

Блокадите по налог на Христијан Мицкоски повторно ќе бидат поразени.

СДСМ работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од опозицијата и сите потребни законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата ќе бидат донесени, се вели во соопштението.
Zoom.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...